Собните цвеќиња ги хранам исклучиво со ова и секој се чуди колку добро ми бујат и цветаат. Саксиското цвеќе во домот е убавина, стил, естетика и удобност.
Освен физичка прихрана на сите билки им е потребна и љубов за да виреат, а во тоа сум убедена од неколку блиски примери. Има луѓе што се ладни кон своите цвеќиња и колкупати да им дадам расад, кај нив цвеќето не вирее и угинува.
Ако сакате да чувате многу цвеќиња во домот, тогаш мора да знаете и како да ги одржувате. Секое има потреба од посебно наводновување, преку земја или лист и секое има посебни потреби од топлина и сончева светлина.
Покрај вода и сонце, за да буи цвеќето потребно му е и органско ѓубриво. Ќе ви набројам неколку работи кои цвеќињата ги сакаат, но не смее да се претерува во ништо, зошто во спротивно храната ќе му делува како отров и ќе го изгори.
1.една лажичка шеќер
2.околу 30 мл паста за заби збогатена со калциум
3.вода во која се варел компир
4.талог од кафе
1.Многу е важно добро да се нахрани цвеќето со шеќер, бидејќи содржи глукоза и фруктоза. Глукозата е природен извор на енергија за сите клетки. За прихрана на билките наросете малку шеќер на површината од земјата, а потоа полејте со вода.
2.Собното цвеќе сака кисело тло, а пастата за заби помага да се создадат такви услови. Исцедете 30 мл паста за заби во 1 литар вода, промешајте да се раствори, а потоа полијте ги билките. Калциумот од пастата ќе го нахрани коренот на билката. За истата цел може да послужи и лушпата од јајце.
3.На билките им годи скроб, па затоа никогаш не ја фрлајте водата во која сте вареле компир. Изладете ја, а потоа со неа залијте ги билките.
4.Ставете талог од кафе во секоја саксија по малку. Кафето содржи азот кој им годи на билките.