Моќна маска со сода против брчки…дава моментален ефект на подмладување и одговара за секој тип на кожа…
Маска за моментално освежување на лицето
Освежете ја кожата со оваа едноставна домашна маска што ветува резултати како од луксузните салони!
Со само неколку состојки од вашата кујна, ќе добиете чиста, сјајна и подмладена кожа за неколку минути, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 1 лажица масна павлака
– ½ лажичка сода бикарбона
– ½ лажичка масло по избор (на пр. маслиново, бадемово или кокосово)
– НМД
Постапка:
Во мал сад измешајте ја павлаката, содата и маслото. Мешајте додека смесата да стане пенаста – тоа е знак дека содата реагирала со павлаката.
Вашата маска е готова за употреба!
Употреба:
Нанесете ја маската на чиста кожа, избегнувајќи ги пределите околу очите и усните. Може да ја користите и на вратот, деколтето или рацете.
Оставете ја да делува 7-10 минути (или 5 минути за чувствителна кожа), па нежно измасирајте 1 минута по масажните линии.
Измијте со топла вода, а потоа нанесете тоник и хидратантен крем.
Начин на делување:
Содата прави нежен пилинг на кожата, отстранувајќи мртви клетки, црни точки и нечистотии, додека павлаката и маслото ја хранат и хидрираат.
Резултатот? Посветла, помазна кожа со намалени брчки и пигментни дамки, пишува НМД.
За каква кожа се препорачува:
Идеална за мрсна и комбинирана кожа (еднаш неделно) или нормална и сува кожа (еднаш на 14 дена). За максимален ефект, направете курс од 10 маски.
Кој треба да ја одбегнува:
Лица со чувствителна кожа склона кон иритации, оние со отворени рани, гребаници или алергии на состојките.
Направете тест на мала површина пред употреба! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: