Моќна формула…Лек за оштетната коса…Помага кај сува, кршлива, слаба и бушава коса…Ја зајкнува и додава сјај…Подобрување од прва употреба…
Придобивките од маската за коса од бамја за косата:
Самата бамја е богата со хранливи материи кои го помагаат растот на косата, содржи витамин А, Ц и К, калциум и калиум. Еве неколку придобивки:
1) Ја хидрира сувата коса
2) Ја прави сјајна и лелеава
3) Ја лекува оштетената коса
4) Го лекува првутот
5) Помага косата да расте побрзо
Еве што ви е потребно за да го приготвите кремот од бамја (за 1 употреба):
1) Бамја (4-5 парчиња)
2) Пченкарен скроб (1 полна супена лажица)
3) Бадемово масло (1 супена лажица)
4) Кокосово масло (1 супена лажица)
ПОСТАПКА:
1.Исечете ја бамјата на ситни парчиња (краевите отстранете ги) и ставете ја во тенџере со 200-250 мл вода. Варете 10 минути, а доколку испари водата, додајте нова. Кога ќе добиете густа смеса како сируп, исклучете го огнот.
2.Кога целосно ќе се олади изблендирајте ја целата смеса, а потоа процедете ја низ газа и сипете ја во тенџере.
3.Лажица скроб растворете со 50 мл вода и сипете во тенџерето со бамјата. Загревајте на ниска температура со непрекинато мешање додека да згусне. Оставете да се олади, па повторно процедете низ газа (овој чекор може да го прескокнете).
4.Додајте по една супена лажица бадемово и кокосово масло и промешајте за да се инкорпорира. Ако подготвувате поголема количина, чувајте ја во фрижидер.
КАКО СЕ КОРИСТИ:
Вашата коса треба да биде чиста пред нанесување на кремот, а исто така треба да биде влажна. Прво измијте ја косата со нежен шампон, потоа нанесете мала количина крем на главата и премачкајте го производот до врвовите.
Покријте ја косата со стреч најлонска фолија или кеса. Кремот треба да се остави на косата да делува најмалку 30 минути.
Следниот чекор е длабоко миење на косата со млака вода 5 до 7 минути. Мора да бидете сигурни дека секое парче од кремот е измиено. После тоа, измијте ја косата со благ шампон.
Совети и предлози за да ја одржите вашата коса здрава:
1) Секојдневно хидрирајте ја косата за да ја одржите силна и да избегнете расцепени врвови.
2) Секогаш мијте ја косата користејќи благ шампон.
3) Избегнувајте секојдневно користење на „пегла“ за коса.
4) Користете чешел со широки „заби“ за да ја отплеткате косата.
5) Не ја четкајте влажната коса бидејќи тоа може да ја оштети и да предизвика кршење. Постапката погледнете ја ОВДЕ.