Постојат неколку верзии на колчот кој има вкус на баклава, а кој многу едноставно се приготвува. Сите верзии лесно се приготвуваат и што е најважно, многу се вкусни. Ние ќе ви ги претставиме најдобрите од нив.
I РЕЦЕПТ – Кога сакате брз колач со ореви, а да се топи во уста – тогаш пробајте го рецептот за БАКЛАВА БЕЗ КОРИ
Сите знаеме дека една е баклава, но ова е нејзини одлична брзинска замена. Кога сакате да пречекате гости или ако сакате брз колач ореви, а да се топи во уста, тогаш ова е вистинкиот рецепт за вас. Мерките се со чаша од 200 мл.
Потребни состојки: 4 јајца 1 чаша (од 200 мл) остро брашно, 2 чаши шеќер, 1 чаша гриз, 1 чаша масло, 1 чаша млеко, 2 чаши мелени ореви. За сируп: 600 мл вода и 2 чаши шеќер
Постапка: Прво се приготвува сирупот за да има време да излади додека колачот се пече. Измешајте ја водата со шеќерот, па ставете на оган. Нека врие неколку минути, па тргнете од оган. Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Изматете ги јајцата со шеќерот додека да побелат и згуснат.
Во друг сад измешајте ги сувите состојки, па додајте ги во матените јајца и промешајте со жица. Потоа додајте ги течните состојки и изедначете ја смесата да нема грутчиња.
Плех со величина 25х30 см или по ваш избор, намастете го и набрашнете го, па во него излејте ја приготвената смеса. Потенка баклава се пече во голема тепсија, а подебела во помала тепсија.
Печената баклава полијте ја со изладен сируп и оставете да излади на собна температура, па потоа ставете ја во фрижидер. Потоа сечете на коцки, ромбови или триаголници и послужете.
II РЕЦЕПТ – Колач кој е замена за баклава, а се приготвува од неколку состојки
Потребни состојки: 200 г шеќер, 2 лажици масло, 3 белки, 2 јајца, 60 г брашно, 200 г ситно сечкани ореви, 1 цеден портокал, прстофат сол, лажичка цимет. За прелив: 150 г шеќер, 1 лажица мед, 100 мл сок од портокал, 1 лажица сок од лимон, прстофат цимет
Постапка: изматете ги белките пенасто, па постепено започнете да го додавате шеќерот и матете додека тој да се растопи и да добиете цврст и сјаен снег. Потоа постепено додајте ги јајцата, а потоа маслото, сокот од портокал. На крај додајте ги останатите состојки, односно сите суви состојки.
Добиената смеса кога ќе се изедначи, излејте ја во плех 20х25 см или калап за торти, претходно обложен или намастен и набрашнет. Ставете да се пече во загреана рерна на 170 степени околу 30-35 минути. За тоа време пригответе го сирупот за преливање.
Сите потребни состојки ставете ги во тенџере и загревајте на умерена температура додека да се растопи шеќерот. Додека е сè уште врел сирупот рамномерно прелијте го врз печениот колач. Оставете најпрво да се олади на собна температура, а потоа колачот изладете го во фрижидер пред послужување. / Сооlinarika.com
III РЕЦЕПТ Вкусна баклава, се мери со чаши, едноставна и брза
Баклава колач со мерки на чаша – готова за 30 минути. За многумина е омилен, особено за љубителите на шербетни колачи. Секој залак буквално ви се топи во уста.
Потребни состојки: 4 јајца, 2 шолји шеќер, 1 шолја масло, 1 шолја млеко, 1 шолја гриз, 1 шолја остро брашно, 2 шолји мелени ореви. За шербет: 500 мл вода, 2 шолји шеќер
Постапка: пенасто изматете ги јајцата со шеќер па додајте ги останатите состојки. Најдобро е прво да ги додавате течните состојки, а на крај сувите, односно, двете брашна претходно да ги измешате.
Добиената смеса излејте ја во намастен и набрашнет плех и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина час. Врелиот колач прелијте го со млак шербет.
За шербет: зовријте ја водата со шеќерот и варете додека шеќерот целосно да се растопи. Откако ќе зоврие оставете да се вари 3-4 минути, а пред крај по желба додајте лимонов сок. Оставете го малку на страна да подизлади, да не е премногу врел кога ќе го преливате.
Колачот откако ќе прелиете рамномерно со шербетот, наросете го со мелени ореви. Се користи шолја од 200 мл. Јас правав половина од количината па ми излезе потенка. / coolinarika.com