Многу вкусно посно МАКАЛО од свеж зеленчук…без печење и готвење…за 5 минути е готово…

По желба некои од состојките можете да ги замените или да ги изоставите…Ова макало е толку вкусно што можете со сè да го комбинирате…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За сос:
1 лажица доматна паста
1 лажица паста од пиперка
1 мало филџанче масло
сок од половина лимон
2 лажици сируп од калинка
1 лажичка чили пиперка/буковец
1 лажичка нане
сол по вкус

Зеленчук:
3 домати со средна големина
1 голема пиперка
3 тенки зелени пиперки
3 лути пиперки
1 голема главица кромид
3 чешниња лук
1 краставица
10 гранчиња магдонос

ПОСТАПКА:

1.Сите наведени состојки за сосот ставете ги во поголем сад измешајте ги. Потоа сомелете го зеленчукот во блендер, една по една состојка и додавајте во сосот.

2.Сомелете ги кромидот и лукот и додајте ги во сосот.

3.Потоа истото сторете го со пиперките и доматите.

4.Магдоносот ситно исечкајте го, а краставицата на најситни коцкички.

5.Сите состојки добро промешајте ги со сосот и готовото макало послужете го веднаш или изладено. Постапката погледнете ја ОВДЕ.