Рецепт на Ристиќ Наташа. Традиционално се приготвува за посните слави во јужните краишта од Србија. Рецептот е прастар и оригинален. Постојат негови варијанти на приготвување кои се исто така вкусни, но овој рецепт е оној според кој го приготвувале нашите предци. Еве што е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г грав, вода, 1 ловоров лист, 1 главица кромид, 4 лажици масло, 1 лажица брашно, 1 главица лук, сол, масло, алева зачинска црвена пиперка во прав

посен грав / фото: Ристиќ Наташа




ПОСТАПКА: Половина килограм грав измијте го, па потопете го во млака вода, да отстои 5-6 часа. Потоа ставете го на оган да зоврие, па фрлете ја првата вода, налејте нова врела вода и гответе на средна-умерена температура.

посен грав / фото: Ристиќ Наташа




Додајте ловоров лист, исчистена цела главица кромид која треба да се извади после еден час варење. Кога гравот ќе биде сварен (проверете со лажица, ако зрната лесно се нагмечуваат при допир, тогаш е готов), запржете го со бела запршка на следниот начин:




Загрејте во тава 4 чашици масло и една лажица брашно, па штом се запржи брашното, истурете ја запршаката во гравот. Посолете и уште малку оставете да се готви додека да згусне. Вториот начин е да се исцеди вишокот вода (речиси целата вода и да останат само зрната), па дури тогаш да се изгмечи со преса за пире или да се изблендира.




Лично мене ми е повкусна со запршка, зошто на овој начин гравот добива покремаста структура. Од зачини додавам само сол, ловоров лист, кромидот додека се вари заедно и на крај лук. Значи сварениот и запржен грав потребно е да се измиксира за да се добие пире.




Додека е топло пирето од грав во него додајте ситно исечкан или истолчен лук (една помала главица), а потоа распоредете го во помали земјени тави или чинии. Наросете одозгора со црвена зачинска алева пиперка и прелијте со претходно загреано масло, лажица-две.




По потреба се одлива вишокот течност пред запржувањето или пак, гответе го помалку вода за да биде помалку течен. Треба да биде густ како компир пире кога ќе се запржи. Се јаде сосем изладен. Рецепт и фотографии на Ристиќ Наташа.

посен грав / фото: Ристиќ Наташа