Многу вкусно летно мезе…полнети ПИПЕРКИ СО СИРЕЊЕ…Премачкани и потпечени…Прсти да излижеш…Еве што е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 црвени пиперки ајварки,
3 лажици кисела павлака,
50 г рендан кашкавал,
350 г ситно сирење/урда/или сирење по вкус,
1 чешне рендан лук,
1 ситно сечкан домат,
1/2 лажичка суво нане,
1 лажичка оригано,
1/2 китка ситно сечкан магдонос

ПОСТАПКА:

1.Пиперките варете ги во поклопено тенџере 5-7 минути од моментот на зовривање. Потоа превртете ги, повторно поклопете ги и варете ги уште 3-5 минути. Омекнатите пиперки извадете ги и оставете ги да подизладат.

2.Потоа направете длабок засек на следниот начин: од едната страна на пиперката направете засек долж пиперката и уште еден попречен при врвот на дршката.

Засеците се прават само од горната страна, во облик на биквата „Т“ и не одат докрај, туку колку да може да се извади семето и да се наполни пиперката, а сепак да остане горниот дел со дршката.

3.Измешајте го сирењето со павлаката, па додајте кашкавал, лук и домат, магдонос и зачини по вкус и промешајте. Со оваа смеса наполнете ги пиперките.

4.Премачкјате ги со масло и зачини, па печете ги во загреана рерна на 200 степени, 20 минути. Слична постапка погледнете ОВДЕ.