Ова јадење можете да го приготвите многу брзо доколку имате готови палачинки. А уште побрзо, истото јадење можете да го приготвите и со готови кори за пита.
Доколку сакате вои најмили да ги изненадите со некое ново јадење, пробајте го рецептот подолу.
Потребни состојки:
Околу 600 г пилешко бело месо
1 главица кромид
2 пиперки
1 домат
околу 150 г варен грашок
сол, сув зачин, црн пипер, црвен пипер
За палачинки:
2 јајца
2 чаши млеко
1,5 чаша брашно
½ лажичка сол
и уште: масло
за бешамел:
2 лажици путер
1,5 лажица брашно
2 чаши млеко
сол, црн пипер
и уште: парче кашкавал
Се мери со чаша 200 мл
Постапка:
Прво пригответе ги палачинките. Потоа во тавата ставате масло, па месото исечкано на коцки. Пропржете го па додадете го ситно сечканиот кромид, а потоа и пиперките. Пропржете ги заедно 3-4 минути, па додадете излупен, ситно исечкан домат, Зачинете по вкус, па поклопете и динстајте на тивко 6-7 минути. На крај додадете го варениот грашок.
Додека се динста филот пригответе го бешамелот. Растопете го путерот, па додадете брашно. Кратко пржете, па додадете го млекото, за цело време мешајќи за да не се создадат грутчиња.
Варете го бешамелот 2-3 минути, па зачинете го.
На секоја палачинка ставете по 3 лажици фил, па преклопете како пакетче. Полнетите палачинки редете ги во плех претходно намастен со путер.
Секоја полнета палачинка прелијте ја со 2 лажици бешамел, а одозгора изрендајте малку кашкавал.
Ставете да се пече во рерна загреана на 200 степени околу 25 минути додека да се запечат убаво.