Потребни состојки:
2 јајца
250 г мелени ореви
250 г сечкани ореви
180 г шеќер во прав
Постапка:
Со виљушка изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете мелени ореви и убаво изедначете ја смесата.
Формирајте кифлички, а секоја кифличка валкајте ја во сечкани ореви.
Печете во плех обложен со хартија за печење на 180 степени, 35 минути.