Многу вкусна ПИТА СО МОДАР ПАТЛИЏАН и готови кори…Можете да ја направите и посна…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 големи фило кори или 8-12 обични (користете по 2 или 3 кори ако се многу тенки за 1 ролат со обични кори)
За фил:
7 модри патлиџани (ако се големи, можете да користите 5)
400 г чедар или посен кашкавал
За прелив:
1 лажица путер/маргарин
2 лажици масло
1/2 чаша млеко или газирана вода (100 мл)
За премачкување:
преостанат прелив
1 жолчка од јајце или лажица посен мајонез
сусам за посипување
ПОСТАПКА:
1.За филот, патлиџаните излупете ги и исечете ги на тенки ленти. Посипете ги со 2 лажици сол, додајте малку вода колку да бидат прекриени и оставете ги вака да отстојат 30 – 45 минути.
2.процедете ги и исушете ги модрите патлиџани, па ставете ги на плех обложен со хартија за печење.
3.Намачкаме ги со масло и посипете ги со малку сол, па ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени.
4.Испечените патлиџани тргнете ги настрана и оставете ги да се изладат. Во меѓувреме за преливот растопете го путерот и измешајте го со маслото и млекото. За посна варијанта користете газирана вода или соино млеко.
5.Отворете една голема фило кора и премачкјате ја со 5-6 лажици прелив. Посипете рендан кашкавал, па преклопете со втора кора. Премачкјате ја кората со прелив и распоредете ги лентите печен патлиџан.
Одозгора повторно посипете рендан кашкавал. Кората свиткајте ја од сите страни за да се фиксира, па внимателно свиткајте ролат.
Ако користите обични тенки кори со помала димензија, тогаш ролатите правете ги на вообичаен начин: од 3 кори, секоја премачкана со прелив, врз втората или третата кора фил од кашкавал и патлиџан.
6.Ролатот исечете го на парчиња со должина приближно 3 прсти и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Можете да ги печете и цели ролати, па отпосле да ги исечете.
7.Во преостанатиот прелив додајте жолчка или посен мајонез и премачкјате ги печивата. Посипете сусам и печете ги во загреана рерна на 180 степени 40 – 45 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.