Многу вкусен КУГЛОФ СО ЈАБОЛКА И ОРЕВИ…Еднаш го направив и еве пак го правам…

КУГЛОФ СО ЈАБОЛКА И ОРЕВИ…Еднаш го направив и еве пак го правам…Многу вкусен колач…

Сакам да и се заблагодарам на г-ѓа Марија Цветкова за прекрасниот колач со јаболка! Јас го направив точно според нејзиниот рецепт.

Многу сум задоволна од вкусот и самата текстура и изгледот на колачот, што веднаш го повторив зашто се изеде, а планирам да го повторам и тоа наскоро. Вкусен, сочен и ароматичен, а генерално не сакам суви кекси.

Го копирам нејзиниот рецепт и само ќе напоменам дека додадов вкус по желба, неколку капки течна ванила и лимон.

Заборавив да ја додадам содата, но прашокот за печиво ми е од пакетче од 16 г и беше сосема доволно. Нашиот омилен колач со јаболка, еве што ви ем потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца (големи)
1 чајна чаша шеќер 180 г
1/2 чајна чаша масло 80 мл
1 1/2 чајна чаша брашно 200 г
1 прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона (да не е полна)
3 жолти јаболка со средна големина
1 чајна чаша (не преполна) сечкани ореви
1 лажичка цимет и 1 лажица шеќер

ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:

КУГЛОФ СО ЈАБОЛКА И ОРЕВИ…Еднаш го направив и еве пак го правам…Многу вкусен колач

Уште еден рецепт можете да прочитате ОВДЕ:

БОЖИЌЕН КУГЛОФ СО ЈАБОЛКА: Неодоливо мириса додека се пече, а децата се нестрпливи, дуваат и јадат…

БРЗ КУГЛОФ СО ЈАБОЛКА: Без масло, а многу вкусен, мек и сочен