Многу вкусен колач со 2 јајца, какао и кикирики…Се топи во уста, сите се воодушевени од вкусот…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За биксвит:
2 јајца
1 прстофат сол
8 г ванилин шеќер
100 г шеќер
60 мл масло
100 мл млеко
1 лажица инстант кафе
140 г брашно
20 г какао
7 г прашок за печиво
100 мл млеко за натопување на бисквитот

За крем:
200 г шеќер
200 мл млеко
20 г путер
1 лажица скроб + малку вода
150 г печени несолени кикирики
за декорација: растопено чоколадо

ПОСТАПКА:

1.Изматете ги јајцата со сол, шеќер и ванила, па додајте масло и растворено кафе во млеко. Откако ќе ги изедначите влажните состојки, додајте ги сувите состојки, помешани и просеани.

2.Смесата сипете ја во намастен и набрашнет калап 18х27 см и печете 30 минути во загреана рерна на 180 степени. Печениот колач залијте го со 100 мл ладно млеко и оставете го да се олади.

3.Шеќерот оставете го на умерена температура да се растопи во сува тава. Кога ќе се карамелизира додајте го путерот и мешајте да се соедини, а потоа додајте го млекото и мешајте додека сето се соедини.

4.Една полна лажица скроб растворете во сосем малку вода, 1-2 лажици и сипете го во карамелот. Мешајте додека сето да згусне. На крај додајте ги кикириките и соединете.

5.Смесата сипете ја врз оладениот бисквит и израмнете. Оставете да се олади во фрижидер, па декорирајте со растопено чоколадо или по желба. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/8htOq3wkUX4?si=NHF26Z959SgOi4_g