Љубителите на кремасти колачи со овој рецепт ќе бидат воодушевени.

Потребни состојки:

6 белки

6 лажици шеќер

100 г кокос

100 г мелени ореви

1 прашок за печиво

За крем:

6 жолчки

6 лажици шеќер

2 реда (ребра) чоколадо за готвење

200 г путер

200 мл слатка павлака

2-3 шлаг пени

Постапка:

Изматете 6 белки со 6 лажици шеќер во цврст шам. Додадете кокос, мелени ореви и прашок за печиво. Мешајте со шпатула или дрвена лажица, а потоа истресете во плех и печете во загреана рерна на 190 степени околу 10-15 минути.

За крем: 6 жолчки и 6 лажици шеќер сварете ги на пареа додека кремот да се згусне. Додадете 2 ребра чоколадо за готвење постојано мешајќи додека чоколадото не се растопи.

Тргнете од пареа и оставете да излади.

Измиксајте 200 мл слатка павлака во шлаг и оставете на страна.

Во ладниот крем додадете го омекнатиот путер и миксајте. На крај, додадете го и изматениот шлаг и мешајте со шпатула.

Кремот нанесете го врз изладената кора, а на крај декорирајте со шлаг пена.