Овој колач е одличен за секакви пригоди. Многу лесно се сече во правилни парчиња, не се рони, а кремаст е и сочен, секој залак се топи во уста. Многу брзо и лесно се приготвува, многу е вкусен, за чиста десетка. Вреди да си го запишете овој рецепт и прва пригода да го направите. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за пандишпан): 5 јајца, 1 кесичка ванилин шеќер, 100 г шеќер, 100 мл масло, 150 г брашно, 2 лажички прашок за печиво (или една кесичка од 10 г), 3 супени лажици какао во прав. ЗА КРЕМ: 1 литар млеко, 100 г шеќер, 2 кесички пудинг од ванила, 2 супени лажици густин, 50 г кокосово брашно, 100 мл млеко, 1 кесичка шлаг




ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете 5 јајца, додајте ванилин шеќер и 100 г обичен кристален шеќер, па пенасто изматете со миксер додека шеќерот да се растопи, а јајцата да побелат и згуснат како крем, околу 7-10 минути.




Додека непрекинато матите во јајцата додајте масло во тенок млаз (100 мл) и продолжете со матење уште минута-две. Потоа додајте 150 г брашно, 2 лажички прашок за печиво и 3 супени лажици какао во прав.




Продолжете да матите со миксерот со намалена брзина додека да добиете изедначена смеса без грутчиња. Добиената смеса излејте ја во некој помал или среден калап, претходно намастен со малку масло.




Распоредете ја смесата рамномерно, малку протресете го калапот, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 минути околу 15 минути. За тоа време пригответе го кремот од пудинг.




Во едно тенџере ставете 1 литар млеко, додајте 100 г шеќер, 2 кесички пудинг од ванила и 2 супени лажици густин. Добро изматете со жица-маталка додека сите состојки да се растворат и да нема грутчиња.




Ставете на оган, на умерена температура и сварете го кремот со непрекинато мешање додека да згусне. Некаде пред крајот додајте го и кокосот ( 50 г) и продолжете со мешање. Кога убаво ќе згусне кремот претурете го во некој друг сад за побрзо да се олади и прекријте го со проѕирна фолија за да не фаќа коричка.




Во меѓувреме извадете го печениот пандишпан од рерна и оставете го да се олади. Потоа со мала ракиена чаша или модличка вадете мали тркалца и ставајте ги во некој поголем блендер. Со неколку „пулса“ сомелете ги во трошки.




Изладениот крем пенасто изматете го за да добиете нежен крем кој лесно се мачка. Бидејќи е многу густ, најдобро е да го изматите со продолжетоците за тесто. потоа додајте 100 мл млеко и една кесичка шлаг. Продолжете со матење додека да се соединат во едноличен, мазен крем.




Добиениот крем распоредете го врз пандишпанот, така што да навлезе во сите дупчиња. Одозгора израмнете и наросете со мелените трошки и најодозгора малку кокосово брашно. Колачот оставете го да се олади во фрижидер 4-5 часа, па сечете го и послужете го. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.