МНОГУ ПОЛЕСНО ОД ЛАЗАЊА И УШТЕ ПОВКУСНО! Овој метод ми го покажа пријателка од Шпанија, не сум јадела ништо повкусно…прсти да излижеш! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За фил од мелено месо:
1 главица кромид
2 чешниња лук
600 г мелено месо
100 мл црвено вино
300 г сечкани домати
1 лажичка сол
1/2 лажичка црн пипер
1 лажичка шеќер
За кремастиот сос:
40 г путер
1 праз
2 лажици брашно
500 мл млеко
1 лажичка сол, малку црн пипер
1 прстофат мускатно оревче
80 г рендан пармезан или кашкавал по избор
И уште:
300 г макарони, 1 лажичка сол
150 г моцарела или кашкавал по избор
ПОСТАПКА:
1.Пропржете ситно сечкан кромид 2-3 мин, додајте ситно сечкано лукче и динстајте уште 1 мин. Додајте го меленото месо и динстајте 10-тина минути додека да ја промени бојата.
Сипете го виното, зачинете со сол и црн пипер и продолжете со готвење додека течноста да испари. Потоа додајте ги сечканите домати и лажичка шеќер, па гответе уште 5 минути и тргнете настрана.
2.На малку путер испржете ситно сечкан праз, додека да позлати, приближно 8 минути. Додајте брашно и мешајте кратко додека да се запржи.
Потоа сипете го млекото и гответе непрекинато додека да почне да се згуснува.
Зачинете со сол, црн пипер и мускатно оревче, па изблендирајте ја смесата како крем.
Додајте ситно рендан пармезан и промешајте додека да се растопи и соедини. Тргнете настрана.
3.Макароните сварете ги според упатството, во врела вода во која сте додале лажичка сол. Сварените макарони сипете ги во кремастиот сос и промешајте.
4.Во огноотпорен намастен сад сипете половина од макароните, па врз нив половина од меленото месо. Потоа повторно распоредете макарони и завршете со мелено месо.
5.Одозгора посипете рендана моцарела/кашкавал и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 40-тина минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.