Рецепт и видео презентација на Nefis Sanal Lezzetler кремасти колачи од пудинг и кокос. Рецептот е многу едноставен и лесен, секој може да го направи. Се вари пудинг, се полнат чашите, се сече на парчиња… секое парче се топи во уста. Од 3 чаши излегуваат 12 парчиња.
Потребни состојки: 30 г пченкарен скроб/нишесте/густин, 20 г сенаменско брашно, 100 г шеќер, 600 мл млеко, 1 полна супена лажица путер, 1 лажичка екстракт од ванила и кокос за валкање. За глазура: 50 мл слатка павлака и 60 г чоколадо
Постапка: Во длабоко тенџере ставете 30 г пченкарен скроб (две супени лажици) и 20 г сенаменско брашно (една супена лажица), 100 г шеќер и промешајте со жица за матење. Постепено додадете 600 мл млеко додека постојано матите за да не се направат грутчиња.
Кога убаво ќе се размеша смесата и ќе се растопи шеќерот, тенџерето ставете го на оган и загревајте со постојано мешање. Кога ќе зоврие додадете една полна супена лажица путер и една лажичка екстракт од ванила и продолжете со мешање додека убаво да се згусне.
Сварениот топол крем ставете го во навлажнети 3 високи чаши (од 200 см или по ваш избор), израмнете одозгора и покријте ги со фрожирна фолија. Оставете ги да се ладат во фрижидер најмалку 4 часа, а можете да ги приготвите и еден ден порано. Потоа внимателно извадете го пудингот од чашите и пресечете го врз даска.
Од три чаши добивате 12 парчиња. Секое колаче од сите страни извалкајте го во кокос, освен од горната каде ќе ставите чоколадна глазура (загрејте ја слатката павлака и во неа растопете го чоколадото искршено на коцки). Врз секое од колачите ставете по една лажица чоколадна глазура и оставете да се стегне па послужете. Деталите може да ги погледнете во видеото: