За подготовка на овој едноставен колач со малини ќе ви биде потребен само блендер или пак, користете миксер. Наместо малини може да користите боровинки, аронија, рибизли или некои други бобинки.
Се приготвува многу едноставно: по одреден редослед се додаваат состојките во блендерот или ги матите со миксерот, а добиената смеса наизменично се излева во калапот и се распоредуваат малините. Им успева и на оние кои немаат искуство, а додека го печете, од овој колач прекрасно ќе ви замириса цела куќа. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 1): 1 1/4 чаша шеќер (користете чаша од 250 мл), 3 јајца, 3 супени лажици масло, 1 мала лажичка прашок за печиво, 1/2 чаша несолена урда (свежо сирење), 1/2 чаша цврст јогурт или кисела павлака, 1 1/2 чаша сенаменско брашно, 1 чаша малини, 1 кесичка ванилин шеќер
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 2): 150 г брашно, 150 г шеќер во прав, 2 јајца, 140 г мелени бадеми, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 150 г несолен путер, 250 г малини
ПОСТАПКА (рецепт 1): Во подлабок сад (или блендер) ставете го шеќерот (за блендер користете шеќер во прав), трите јајца, маслото и прашокот за печиво, па добро изматете додека состојките да се растопат и соединат во густа мазна смеса.
Потоа додајте половина чаша несолено сирење/урда/рикота и половина чаша цврст јогурт или кисела павлака. Повторно изматете неколку минути додека да се изедначи смесата. Најпосле додајте го брашното и матете додека да добиете хомогена смеса без грутчиња.
Помал калап за леб или ролат обложете го со хартија за печење па излејте половина од смесата. Одозгора распоредете половина од малините, па четвртина тесто, четвртина малини, четвртина тесто и последната четвртина малини.
Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 45-50 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ, а еве ја постапката за вториот рецепт:
ПОСТАПКА (рецепт 2): Вклучете ја рерната на 180 степени за да се загрее. Путерот растопете го, па заедно со брашното, бадемите, јајцата, шеќерот во прав и прашокот за печиво измиксајте ги во блендер додека да се изедначи смесата.
Потребно е да се мати неколку минути додека да добиете хомогена изедначена смеса. Во помал калап обложен со хартија излејте половина од смесата, распоредете ги малините, па одозгора прелијте со остатокот од малините. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40-50 минути. Откако ќе се олади по желба наросете го со шеќер во прав.