МНОГУ ИМПРЕСИВНО: Ова ќофте ги надминува сите очекувања, мелено месо одозгора наросено со кромид, кашкавал и јајце. Рецепт на Гурман ТВ. Ќофтe или полнети плескавици, името не е важно бидејќи овој ручек ќе ги надмине сите ваши очекувања. Крајниот резултат пријатно ќе ве изненади бидејќи ќе добиете ручек како од ресторан.
Рецепти за кофтиња има толку многу, а секоја домаќинка си има свој начин на подготвување. Некои додаваат леб во меленото, некои ориз, а ние ви пренесуваме рецепт кој е малку поинаков, а сепак многу едноставен и брз.
За неколку минути ќе имате вкусен ручек на трпеза, а сите ќе ви побараат репете. Вака подготвените ќофтиња мирисаат на детството и најдобро се служат со многу пире од компири, иако можете слободно да ги сервирате со варен ориз.
Одберете мелено месо за ќофтиња по сопствен вкус, можете да користите чисто говедско месо, мешано мелено со телешко или свинско или мелено мисиркино. Потребни состојки: 700 г мелено месо, 1 јајце, 10 г сол, прстофат црн пипер, 2 главици кромид, 3 компири, 3 варени јајца, 30 г кајмак, 150 г моцарела.
Постапка: Во еден сад ставете го месото и додајте го јајцето. Зачинете со сол, прстофат црн пипер и измешајте се заедно. Месото поделете го на 6 еднакви делови и од секој дел формирајте плескавица/ќофте со средна дебелина.
Распоредете ги плескавиците во огноотпорен сад, претходно малку намастен и оставете простор меѓу нив, за да не се залепат при печење. Потоа двете главици кромид излупете ги и исечкајте ги на многу ситни парчиња, па ставете ги да се пропржат во тавче со загреано масло.
Кромидот при печењето не треба да карамелизира, туку треба да потемни и да омекне, па затоа гответе го на среден оган. Компирите измијте ги добро, излупете ги и потоа изрендајте ги на ренде.
Сварете три јајца, а потоа и нив изрендајте ги кога ќе се оладат. Во ренданите јајца додајте го кајмакот и измешајте. Пропржениот кромид распоредете го врз плескавиците, а потоа истото повторете го и со ренданиот компир.
Потоа ја редите смесата од варени јајца и кајмак и на крај наросувате рендана моцарела или некој друг кашкавал по ваш избор. Садот го покривате со алуминиумска фолија и ставате на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, 30 минути.
По изминатото време, ја отстранувате фолијата и враќате на печење на истата температура ште 10 минути додека кашкавалот да фати коричка. Ручекот е многу обилен и заситен, а како гарнир може да додадете ориз или само салата, бидејќи компир веќе има во месото. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.