Поздрав на сите, ова што ќе го споделам со вас ми се случи пред 10-тина години и мислам дека моето искуство може да им помогне на многумина со ист ваков проблем со стапалата, каков што имав и јас…
Беше октомври месец кога одеднаш, без никаква најава, почна да ме боли петата. После неколку дена, болката толку многу се засили, што почнав дури и да накривувам, „куцав“ додека одев.
Почнав да истражувам по нет да најдам што ми се случува со ногата, па така наидов на нешто што го нарекуваат „петен трн“. На кожата немав ништо, но на едно место како малку отечено, мазно, а во средината ѕиркаше некаква точка.
Отидов на лекар да ме прегледаат, па и докторот се посомнева дека е „петен трн“ и ме испрати на снимање на стапалото. Беше утврдено дека е „клавус“ и дека мора да се опеpирам.
Го прашав докторот дали знае некое алтернативно решение, зошто не би сакала да се опеpирам, но тој ми рече дека такво нешто не постои и ме испрати кај сестрата за да закажам термин. Ми закажаа за дури после три месеци.
Имав цели три месеци да најдам некакво решение, па почнав да пребарувам разно-разни природни лекови. Што сè не ставив, од облоги со компир, сол и мед, до интегрално брашно и што ли не друго.
Од сите тие работи навистина некогаш ќе се намалеше болката и ќе се смиpеше, но проблемот не поминуваше. Потоа дознав за чувар куќата и почнав редовно да ја ставам. Но, веројатно од толку многу користени работи, ми беше „разјадено“ околното ткиво.
Кога ќе ставев лист од чувар куќа како да ставав „киcелина“. Ми се лупеше кожата на тоа место, ама напредувањето одеше многу споро. На крај дознав за рецептот со аспирин и одлучив и него да го испробам.
Отидов во аптека и побарав аспирин од 200 мг како што пишуваше во рецептот. Аптекарката ми рече дека таков не постои, дека имало од 100, 500 и уште некој, заборавив.
Еден за бoлки, друг за циркулација. Тогаш и кажав за што всушност ми треба, надевајќи се дека таа ќе знае и ќе ми помогне, но таа ме погледна со чудење како да сум некоја „од Марс падната“.
На медицински јазик ми објасни дека нема теоретски шанси со аспирин да ми помине тоа, туку дека треба да си земам специјална тинктура која е наменета за такви проблеми.
Јас ја купив тинктурата која ми ја понуди, но за секој случај зедов и аспирин од 500. Како и да е, маж ми и мајка ми имаа тврди пети, па одлучив нив да им направам.
Ја ставив купената тинктура, ама таа ме „докyсури“. Веројатно премногу работи изнаставав и веќе кожата ми беше „разјaдена“. Сето тоа време кривев додека одев, па затоа престанав да ставам било што за да му дадам време на местото да заздрави.
За тоа време, за пет дена откако им ја направив тинктурата со аспирин, на мајка ми и на маж ми стапалата им станаа како на бебиња. Па, си реков, ајде и јас да пробам. Овие облоги ги ставав сигурно 20-30 дена и тоа на целата пета.
Додека ги ставав овие облоги, кожата драстично многу почна да се лупи. Се излупија неколку милиметри и се појави нешто како кратер, како да имаше некое топче внатре, а кожата на тоа место беше вдлабната и мазна, ама и натаму нешто се наѕираше.
Продолжив со облогите и после една недела дојдов до тоа што го нарекуваат „трн“ или „клавус“. Тогаш веќе значително помалку ме бoлеше, само на допир кога ќе чепкав околу него.
Го извадив некако и повторно се појави длабок кратер, ама повеќе ништо не ме бoлеше. Продолжив да ставам од облогите, ама ми се потроши фолијата со која ги завиткував облогите.
Така четири дена ништо не ставав. Кога конечно купив фолија и одлучив повторно да ставам облога, видов дека на местото веќе нема ништо. Пипкaв, cтискав, но немаше ништо, проблемот беше решен. Па така, пробајте и вие, трошокот е минимален, а еве го оригиналниот рецепт:
ЛЕКОВИТА ТИНКТУРА СО АСПИРИН. 10 таблети аспирин (од 200 мг) иситнете ги во прав и прелијте ги со 250 мл комова ракија или 70% медицински алкохол. Оставете да отстои 1-2 дена со повремено протресување.
Секоја вечер се натопува газа во оваа течност и облогата се става на пета. Се завиткува со најлонска кеса или фолија и се облекува чорапа. Се остава преку цела ноќ.
Следниот ден се мие, се брише и се става некој масен крем за нозе (јас ставав масен крем од невен).
После 10 дена петите се чистат од грубата кожа и наслагите. За клавуси, калуси, жyљеви, трња и слично, оваа тинктура исто така ќе биде ефикасна, само периодот на користење може ќе биде подолг.
Бидете упорни. Јас користев 4 аспирини од 500 со 70% медицински алкохол. Се надевам дека и некој друг ќе има бенефит од моето искуство.