Многу брза и лесна подготовка, а добивате многу вкусен колач.
Потребни состојки:
2 јајца
12 лажици шеќер
12 лажици млеко
10 лажици масло
15 лажици брашно
1 прашок за печиво
4 лажици џем од кајсија
1 поголем портокал, смрзнат и изрендан
4 лажици млеко
2 лажици масло
100 г чоколадо
50 г путер
2 лажици млеко
Постапка:
Чекор 1: 2 јајца, шеќер, млеко, масло, брашно и прашок за печиво измешајте и смесата испечете ја во голем плех како потенка кора. Поделете ја кората на половина а едниот дел издробете го на трошки.
Чекор 2: Во издробениот дел додадете рендан портокал, џем, млеко и масло, па направете еднолична смеса. Со оваа смеса филувајте ја кората.
Направете глазура од чоколадо, путер и млеко, па прелијте врз колачот. Изладете и сечете на коцки.