На овие колачиња најмногу им се радуваат децата, но и возрасните, затоа што имаат предобар вкус, неодолив мирис, но и многу се декоративни. во продолжение можете да прочитате два рецепти кои се слични, но малку се разликуваат во односот на состојките:
Потребни состојки:
300 г брашно, 100 г маргарин/путер, 1 јајце, 100 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво, 1/2 лажичка цимет, 4 лажички мед.
За декорација: 1 белка, 200 г шеќер во прав и 1 лажица лимонов сок
Постапка:
Соединете ги јајцето, омекнатиот маргарин, циметот, медот, брашното, прашокот за печиво, шеќерот и ванилата. Убаво со рака измесете за да добиете мазно тесто. Потоа прекријте го со проѕирна фолија и оставете го приближно 30-тина минути на топло за да стаса.
Потоа малку обликувајте го и развлечете го со оклагија, а од кората со калапи вадете разни фигури. Плехот обложете го со хартија за печење и редете ги колачињата. Ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 10-15 минути. печените колачиња скроз изладете ги.
Посебно пригответе ја смесата за декорација. Белката изматете ја во цврст снег, а потоа постепено додавајте го шеќерот во прав и лимоновиот сок. матете додека убаво да се соедини.
Смесата за декорација ставете ја во кеса, а потоа внимателно, сосем малку пресечете го врвот. Полека истискувајќи ја кесата, декорирајте ги колачите по желба. оставете ги така некое време да се засушат, односно декорацијата да се стегне.
Потребни состојки: 140 г брашно, 100 г шеќер, 1 јајце, 40 г мед, 40 г кора од портокал, рендана или сечкана многу ситно, 1 прстофат сода бикарбона, каранфилче, цимет, ѓумбир
Постапка: Медот малку се растопува, се додава шеќер, кора од портокал, сода, јајце, зачини и брашно. Се замесува тесто, се развлекува во кора и се сечат облици. Се печат во намастен плех на умерена температура. Печените колачиња се преливаат со глазура и се декорираат по желба.
coolinarika.com