Фото и рецепт: Beti Josi (Klara boss) – Нескафе торта

Многу брза, лесна и вкусна торта. Ние дома ја обожаваме комплетно и е дел од честите десерти, па дури и за родендени повеќе од 15 години наназад.

Потребни состојки:

500 г бисквити (или готови кори за торта)
500 мл слатка павлака (хопла, халта или некоја друга)
3 јајца
11 лажици шеќер
3 лажици нескафе (може ако сакате и капучино наместо нескафе)
малку млеко за натопување на бисквитите

Постапка:

Слатката павлака се мати со половина од шеќерот. Во посебен сад кремасто се матат јајцата со останатиот шеќер. На крај се додава нескафето и се мати додека се растопи. Оваа смеса се додава на изматената слатка павлака и се мати додека добро се измеша.

Секоја бисквита на секунда ја потопуваме во ладно млеко, во кое по желба може да се додаде и малку арома на рум и правиме прв ред, па премачуваме од филот. Така се прават 3-4 реда, ред бисквити – ред фил. Готовата торта ја наросуваме со рендано чоколадо или чоколадни трошки и ја оставаме да преноќи во фрижидер. Се сече на коцки и се ужива во вкусот.

Оригиналнот рецепт е со двојна доза од наведените и треба уште и 250 г маргарин. Но, искуството и години наназат правејќи ја и согласно јас и консументите, маргарин не користиме. Маргаринот минимално ја прави потешка за консумација, а служи за да се зацврсти филот.

Но, и без него филот ако добро се измати (јајцата да се пресни и пред употреба да бидат отстојани на собна температура, најмалку 2 часа), маргаринот воопшто не е потребен. Зошто не е напишан рецептот во оригинал? Затоа што, е многу издашен и половина доза ќе ви биде доволна, доколку не сте се одлучиле да ја правите за поголем број луѓе.

Фото и рецепт: Beti Josi (Klara boss)