Потребни состојки:
5 јајца
250 г путер/маргарин + 100-150 г шеќер во прав (по вкус)
2 големи кутии плазма бисквити
по потреба газиран сок од портокал (фанта или деит)
10 чоколадни банани
Постапка:
Во еден сад ставете ги мелените бисквити, путерот, шеќерот во прав, сечканите чоколадни бананчиња, една по една жолчка и по потреба газиран сок, колку да се замеси смесата.
Внимавајте да не претерате со сокот зошто нема да можете да ја обликувате тортата.
Во тркалезен калап ставете фолија, истресете ја смесата и израмнете ја тортата.
Украсете со шлаг и оставете ја да се излади во фрижидер, најдобро преку ноќ, па потоа послужете ја.