Се’ заедно се меша, се става во калап, па се остава во замрзнувач два часа, потоа се нанесува глазура. Многу лесно и едноставно, а превкусно!
Потребни состојки:
2 посни шлага
250 мл сок од јаболко или сок по вкус
50 г кикирики
30 г ореви
30 г лешници (се’ крупно исечкано)
150 г посни бисквити по желба (со чоколаден прелив) +
5-6 парчиња бисквити + малку сок за натопување
2 лажици шеќер (по желба и не мора)
Глазура по желба
Постапка:
Прво изматете го шлагот: во прашокот за шлаг додадете шеќер и сок од јаболко, па изматете со миксер (малку подолго). Со силиконска шпатула додадете ореви и кикирики крупно сечкани, па убаво измешајте.
Потоа со раце кршете ги бисквитите и додадете ги во шлагот. Биксвитите сами одберете какви сакате, можете обични петит бисквити или какао бисквити со посна чоколадна глазура.
Повторно измешајте и проценете дали има потреба да додадете уште малку бисквити.
Смесата ставете ја во мал калап обложен со проѕирна фолија. Ако сакате поголема количина, само зголемете ги состојките. Убаво израмнете и одозгора наредете еден слој бисквити малку натопени во сок. Затворете ја фолијата.
Тортата ставете ја во фрижидер или во замрзнувач на еден – два часа да се стегне, па одозгора нанесете чоколадна глазура или по желба.
За повеќе детали погледнете го видеото: