МНОГУ ЈАБОЛКА, МАЛКУ ШЕЌЕР И МАЛКУ БРАШНО…Кремаст десерт кој се топи во уста и не ве дебелее..Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 20 см):

2 јајца
1 прстофат сол
4 лажици шеќер (или засладувал по желба)
1 лимон
50 г путер
4 лажици брашно
1 кесичка прашок за печиво
4 јаболка
џем од кајсии или по вкус

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад со жица изматете ги јајцата со прстофат сол и шеќер, па додајте рендана кора од лимон, растопен путер, брашно и прашок за печиво. Добро соединете за да нема грутчиња.

2.Јаболката исечкајте ги на тенки ленти и измешајте ги со сок од еден лимон за да не потемнуваат. Претурете ги во тестото и измешајте.

3.Калапот вобложете го со хартија за печење а ѕидовите премачкјате ги со путер. Сипете ја целата смеса и израмнете.

4.Печете во загреана рерна на 180 степени, 40 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.