Еве кој пијалак најдобро одговара за решавање на одредени проблеми!
Секој пијалак има различен ефект врз организмот – едниот хидрира, другиот ја подига енергијата, третиот ја ублажува мачнината … Што и кога треба да пиете, открива нутриционистката Никол Мекдермот.
Млеко за изградба на цврсти мускули
Млекото, на пример, е идеално да се пие после тренинг, бидејќи протеините што ги содржи го стимулираат растот и ги зајакнуваат мускулите. Најдобар избор е свежо и полномасно млеко.
Какао за закрепнување
После напорен тренинг, но и по секој поголем физички напор или поради чувство на исцрпеност, ќе се чувствувате подобро ако испиете шолја какао. Овој топол напиток е идеален поради добриот однос на јаглехидрати и протеини, кои го снабдуваат организмот со енергија.
Зелен чај и сок од грејпфрут за слабеење
Овие два пијалаци го забрзуваат метаболизмот и го стимулираат исфрлањето на токсините од организмот, кои сите имаат корисен ефект врз слабеењето. Најдобро е да ги консумирате наутро, пред појадок, но сигурно нема да погрешите доколку ги пиете во кое било време од денот.
Пиво за подобра циркулација
Ако имате проблем со циркулацијата, рацете и нозете често ви се ладни, во подобрување на состојбата ќе ви помогне ако пиете по една чаша пиво на ден. Секако, не треба да претерувате со количината бидејќи сепак е ал-ко-хо-лен пијалак, но една чаша на ден нема да ви наштети – истовремено, на овој начин ќе ги внесете и потребните витамини од групата Б.
Сок од вишни пред и после трчање
Ако трчањето трае долго време, се јавува мускулен замор и се намалуваат нивоата на електролити. Затоа, добра опција е да се испие чаша сок од вишни после тренинг, што ќе го забрза закрепнувањето на мускулите и ќе делува како енергетски пијалак – освен што е далеку поздрав од нив.
Чај од ѓумбир за желудник
Познато е дека ѓумбирот помага за ублажување на мачнините, но она што е можеби помалку познато – е дека има добар ефект врз слузокожата на желудникот и цревата, па затоа може да помогне во обновување на желудникот после разни проблеми.
Кокосово млеко за рани во устата
Изгореници во устата, рани, афти… може да се ублажат со кокосово млеко. Може да се пие или да се исплакне устата, а помага така што делува како аналгетик.
Напиток со алое подобро варење
Ако имате проблеми со запек, напитокот со алое вера ќе ви помогне. Можете да додадете прав од ова растение или да употребите свежа билка во било кој напиток, па дури и во обична вода, единствената важна работа е пијалакот да биде на собна температура.
Јогурт за имунитет
Овој здрав напиток е добар пробиотик, односно е корисен за добрите бактерии во нашите црева – и сите знаеме дека здравјето на цревата е многу, многу важно за имунолошкиот систем.
Лимонада за повеќе енергија
Витаминот Ц, кој природно се наоѓа во лимоните, ќе го зголеми нивото на енергија во организмот, а најдобро е да пиете свежо исцедена лимонада.
Вода со сода бикарбона за надуеност
Подуеноста може да се реши на едноставен начин – во 200 мл вода (една чаша), промешајте околу една четвртина лажичка сода бикарбона и испијте.