Млечниот пандишпан е ХИТ колач…Сите се воодушевени од овој рецепт…Колачот е мек како душа…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца
250 г шеќер
350 г брашно
2 лажички прашок за пеЧиво
прстофат сол
70 г путер
240 мл млеко
1 лажичка ванилин шеќер

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете ги јајцата со прстофат сол и шеќер додека да згуснат. Постепено додајте речиси половина од просеаното брашно помешано со прашокот за печиво. Бавно промешајте за да остане пенливо, а сепак да нема грутчиња.

Во тенџере соединете ги путерот, млекото и ванилиниот шеќер и мешајте на умерена температура додека да се растопат состојките.

Речиси половина од млекото додавајте го во тестото и полека мешајте со жицата додека сето убаво да се соедини. Наизменично додавате ги млекото и брашното и мешајте додека да добиете фино, убаво кремасто тесто.

Смесата сипете ја во калап 32х20см обложен со хартија за печење. Ставете да се пече на 180°C околу 35-40 минути. Кога печениот колач ќе се подизлади посипете со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.