Фото и рецепт: Мирјана Филипоска
Потребни состојки:
Кршени кори по потреба
15 јајца
15 лажици шеќер (може и повеќе, по вкус)
750 мл млеко
2-3 ванилин или лимонов шеќер или по желба кора од лимон
Постапка:
Јајцата се матат со шеќерот со помош на жица за матење, па се додава кора од лимон (или ванилин, лимонов шеќер).
Тепсијата на намастува и се наросува со гриз и презла, па на дното од тавчето се редат кршени кори.
Смесата од јајца и млеко полека се истура врз корите, внимавајќи да не летнат нагоре. Кога ќе се натопат и натежнат од јајцата, ќе легнат убаво на дното, смесата се дотура со кутлача.
Одозгора се наросува гриз и презла и се попрскува со 4-5 лажици масло загреани во ѓезве. Внимателно се става во загреана рерна на 180-200 степени околу 30-тина минути.
Прво се подига нагоре, па кога ќе изврие си легнува млечникот. После половина час отворете ја рерната и проверете со рака. Треба да е печено, но да е меко на допир.