“За да ослабеме мора да го намалиме внесот на јаглехидрати” – тоа е мантрата која сигурно сте ја слушнале досега ако сте се интересирале за рестирктивните диети и за тоа како најлесно се слабее. Секако, оваа мантра често се појавува и тоа со добри причини.
Јаглехидратите навистина претставуваат препрека во намалувањето на килограмите. Ова меѓутоа, не важи подеднакво за секоја намирница која во својот состав има најмногу токму, јаглехидрати. Па која е тогаш таа мистериозна намирница која изобилува со јаглехидрати, а која може да помогне во здравото слабеење?
Тоа е, верувале или не, сладок компир, познат кај нас како “батат компир”. Овој коренест зеленчук најмногу го конзумираме во текот на есента и зимата, но добро би било да си го најде своето место на нашата трпеза и кога надвор е потопло.
Можеби ќе ве изненади фактот дека еден сладок компир со средна величина има само 100 калории. Тој има 24 грама јаглени хидрати, од кои 4 грама се диетални влакна. Тоа е особено важно, бидејќи токму влакната се тое кои нè заситуваат, а исто така, помагаат и во елиминација на токсичниот отпад надвор од нашето тело.
Слаткиот компир се препорачува во исхраната и од други причини. Дали знаевте дека една порција сладок компир содржи 40% од вкупната дневна препорачана количина на витамин Ц? Истата порција содржи дури четирипати повеќе витамин А од препорачаната количина.
Тој витамин е посебно важен за слабеење, бидејќи помага во забрзување на метаболизмот. Се надеваме дека овие факти ќе ве убедат да му дадете шанса на слаткиот компир и оваа зима. Од него ќе имате поќекратна корист. Не само што ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми, туку ќе имате и можност да уживате во одличните оброци со оваа вкусна намирница.
Ако ве интересира повеќе, прочитајте: Зошто е важно да се јаде сладок компир – БАТАТ. За здрав живот потребна ви е и здрава храна. Благиот компир секако влегува на ова мени. Содржи многу скроб а малку масти, па, добар е за деца, спортисти и дијабетичари, зошто дава енергија а не дебелее.
Благиот компир е високоенергетски производ кој содржи многу скроб, а многу малку масти. Може да ги задоволи дневните потреби за исхрана зошто е богат со јагленихидрати, витамини (А, Ц, Е, Б6) и минерали (калиум, железо, магнезиум).
Во себе содржи големи количини на бета-каротин ( 200 грама од слаткиот компир дава иста количина на Бета каротин како и 5 килограми брокула). Бета -каротинот често се нарекува и провитамин А, зошто организмот во зависност од потребите, го претвора во витамин А.
Овој витамин игра важна улога во одржувањето на здрава кожа и слузокожа, зошто делува на клетките во нивните најдлабоки делови на начин што тие созреваат и ги заменуваат изумрените клетки од површината на кожата. Бета каротинот го стимулира функционирањето на имунолошкиот систем.
Тој е познат антиоксиданс кој е важен за добро функционирање на имунолошкиот систем (помеѓу другото и за превенција од Алцхајмерова болест). Само 140 грама од благиот компир ги обезбедува дневните потреби од витаминот Е, кој е многу важен, зошто штити од срцеви болести и затнување на крвните артерии.
Слаткиот компир, особено треба да го јадат децата, спортистите и дијабетичарите – еве зошто: благиот компир е добар за деца, спортисти и дијабетичари, зошто дава енергија, а не дебелее. Во себе не содржи холестерол, што е важно за оние кои имаат проблеми со зголемените маснотии во крвта и жолчката.
Претставува и богат извор на диетални влакна, неопходни за правилно функционирање на метаболизмот, со што се намалува ризикот од појава на рак на дебелото црево. Слаткиот компир потекнува од Јужна Америка.
Луѓето го употребуваат повеќе од 5000 години и денеска е широко распространета култура во тропските делови. Најголем светски произведувач е Кина со 80 отсто од светското производство, потоа Индонезија и Уганда. Најмногу се јаде на Соломонските острови (160 кг по лице годишно) и во Бурундију (130 кг по лице годишно).
За јадење слаткиот компир може да се приготвува исто како и обичниот компир – варен, печен, пржен и како пире. Подобро е да се придготвува на пареа отколку да се вари во вода. За зачувување на вкусот и аромата, треба да се вари 30-40 минути.
Тој може да се пече на ист начин како и компирот и да се подготви како самостојно јадење или како прилог за месо. Погоден е за печење на скара а може да се преработи во брашно, пире, чипс. А од него може да се приготвуваат и многу вкусни, а здрави колачи и торти.