„Мирисен, вкусен и мек како сунѓер, колач со јаболка кој го направив за нашите пријатели“, рече Јасна Мутиловиќ во својата презентација на рецептот за брз колач.
За негова подготовка ќе ви бидат потребни 8 големи јаболка и состојки кои веќе ги имате в кујна. Еве што ви е потребно, се мери со чаша од 200 мл:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за бисквит: 3 јајца, 1 чаша шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 чаша јогурт, 1/2 чаша масло, 2 чаши брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво, рендана кора од 1 лимон. Плех 30х20 см
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за фил од јаболка: 8 големи јаболка, 100 г суво грозје натопени во рум, 100 г мелени бадеми, 1 чаша шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 3 супени лажици гриз, 1 мала лажичка цимет
ПОСТАПКА: Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот додека да добиете густа кремаста смеса. Додека матите постепено додајте го маслото, а потоа и јогуртот. Брашното промешајте го со прашокот за печиво, па постепено додајте го во течните состојки.
Матете со поспора брзина на миксерот или рачно додека да добиете мазна, хомогена смеса. калапот со димензии 30х20 см намастете го со путер и посипете го со брашно (вишокот истресете го), па сипете половина од тестото.
Израмнете со потчукнување на плехот од масата неколкупати, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, само 15 минути колку да се формира коричка. За тоа време пригответе го филот:
За фил: јаболката излупете ги и изрендајте ги, измешајте го со претходно хидрирано суво гризје (натопено во рум или вода и исцедено) и останатите наведени состојки, па целата смеса рамномерно распоредете ја врз потпечениот колач.
Врз филот излејте ја втората половина од колачот, израмнете и вратете во топлата рерна да се допече уште 35 минути на 170 степени. После печењето оставете ја вратничката од рерната подотворена уште 10 минути.
Потоа извадете го колачот и оставете го целосно да се олади. Исечете го на коцки и одозгора посипете го шеќер во прав. Рецепт и фотографии на Јасна Мутиловиќ.