Рецепт на Инес од Готвењето е забавно. За овој брз, вкусен и едноставен колач ви е потребно само неколку состојки и 10 минути време. Толку е едноставен што го подготвуваат и мали девојчиња.

Вкусот е недололив, му нема замена, се подготвува без јајца и без печење за само 10 минути. После овој рецепт нема да правите ниеден друг. Одличен е за родендени, прослави, ненадејни гости..

Потребни состојки: 21 парчиња пишкоти, 200 мл ладно кафе или какао, 250 г маскарпоне, 200 г смеса за шлаг (30%), 60 г шеќер во прав, какао за декорација. Останати потребни состојки: масло, проѕирна фолија и калап за леб / правоаголен калап.

Во подлабок сад се става смесата за шлаг и се мати со миксер

Постапка: Во подлабок сад се додава смесата за шлаг и се мати со миксер додека добие убава шлагеста форма. Постепено додавајте го шеќерот со постојано матење со миксерот. Откога ќе се соединат шеќерот и шлагот, престанете со матење.

Во сад ставете го шлагот
И изматете со миксер
Додајте го шеќерот и повторно изматете, а потоа додајте го маскарпонето

Потоа додајте го маскарпонето и повторно матете со миксерот. Во правоаголен калап (за леб) ставете малку масло и намастете го калапот со кујнска четка на дното и по страните. Потоа со салфетка пребришете го калапот доколку има премногу масло.

Намастете го калапот
Во калапот ставете проѕирна фолија

Во калапот ставете проѕирна фолија и убаво вдлабнете ја низ целата површина на калапот, краевите и на страните. Во меѓувреме сварете какао или кафе и оставете да се излади настрана.

Пишкотите натопувајте ги во кафето и редете ги во калапот

Земајте по една пишкота, натопете ја во кафето и започнете да ги редите пишкотите вертикално во калапот. За оваа постапка ќе ви требаат 21 парчиња пишкоти. Јачината и видот на кафето го одредувате вие, а може да користите и какао.

Премачкајте со едната половина од смесата со шлаг

Во првиот ред се редат 7 пишкоти, по три во ред и една хоризонтална на средина, потоа се премачкува со дел од шлагестата смеса и убаво се распоредува. Се повторува постапката со редење на пишкоти и во вториот ред.

Повторете ја постапката и со вториот ред
Редење на вториот ред
Во третиот ред наредете ги пишкотите и завиткајте со проѕирната фолија

И повторно се премачкува со другата половина од шлагот. Сочувајте малку од смесата, отприлика една до две супени лажички. Во првиот и вториот ред се искористува по половина и се сочувува малку настрана.

Потоа се реди и третиот ред од пишкоти (вкупно 21) по истиот редослед. Колачот се завиткува во проѕирната фолија одозгора и се остава да отстои во фрижидер 10 минути.

Оставете да отстои во фрижидер 10 минути

По изминатото време, се одвиткува од фолијата и се префрла со другата страна во друг правоаголен сад. Потоа извадете го калапот и фолијата. Одозгора се премачкува со преостанатиот дел од смесата со шлаг.

Превртете ги пишкотите во друг сад
Извадете ја проѕирната фолија

На крајот се наросува со какао по желба на површината на колачот. По желба се става уште малку да отстои во фрижидер доколку имате време, за уште малку да се стврдне колачот и да се олади.

Наросете со какао

Но, доколку немате време, може и веднаш да го пресечете и да го послужите. Одлично одговара со кафе. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска