Мини слатки штрудлици – колач за сите прослави, готови се за неколку минути. Рецепт на Катица од каналот just.katebake. Многу вкусни домашни штрудли со овошен вкус. Многу лесно се прават и сите уживаат во нив.
Јас најмногу ги сакам со кафе, а за децата се одлично со млеко. Одличен десерт за сите родендени, прослави, но и за домашно засладување. Неверојатни се, цело време ќе ги правите штом еднаш ги пробате. Ние ги обожаваме и со постојано на нашата трпеза откога го дознав рецептот. Не се премногу благи, а овошниот вкус освежува како ниеден друг колач.
Потребни состојки за тесто: 220 мл топло млеко, 110 мл масло, 1/2 квасец или половина свеж квасец, 80 г шеќер, 1 ќесичка ванилин шеќер, изрендана кора од портокал, рум, прстофат сол, 400 г брашно.
За фил: 250 г ореви, 80 г шеќер во прав, 1 ќесичка ванилин шеќер, 50 мл зовриено млеко, 20 мл рум (опционално), изрендана кора од портокал. Потребни состојки за намаз / премачкување: 1 жолчка, 2 – 3 лажици млеко.
Постапка: Брашното секогаш се додава постепено при подготовка на тестото. Кај секој различно се фаќа, во зависност од тестото и другите состојки, но отприлика ќе ви треба 400 г.
За подготовка на тестото: Во сад додајте го млекото, маслото, квасецот, шеќерот, ванилиниот шеќер, изренданата кора од портокал и солта. Значи се додаваат сите состојки освен брашното.
Промешајте и додајте 2 – 3 полни супени лажици од брашното. Започнете со мешање и постепено додавајте од брашното додека да се формира тесто нелепливо под прсти. Откога ќе се замеси тестото, се префрла на набрашнета површина и уште малку се замесува.
Во намастен подлабок сад оставете го тестото да одмори и поклопете со проѕирна фолија. Во меѓувреме подгответе го филот. Во сад додајте ги мелените ореви (може и ситно сечкани), изренданата кора од портокал, ванилиниот шеќер, румот и шеќерот во прав.
Сите суви состојки се мешаат, а потоа врз нив се додава претходно загреаното млеко. Повторно смесата се соединува. Доколку не сте љубител на ореви, може да користите и лешници или други јаткасти плодови.
Тестото се премесува и се дели на 3 или 4 еднакви делови. Секој дел се разблекува со оклагија, отприлика 20×30 цм. Минимално се набрашнуваат при развлекувањето. На секој дел се нанесува од претходно подготвениот фил, еднакво се распоредува и се рола тестото.
Секој ролат се пресекува на помали ролатчиња. Потребно е ролатот да биде што подолг отколку поширок. Краевите пресечете ги, но сепак и нив испечете ги бидејќи и тие се јадат. Секое ролатче треба да биде долго околу 3 цм.
Ролатите редете ги на плех со хартија за печење. Истата постапка повторете ја и со останатите три теста. Направете намаз за премачкување од 1 жолчка и 2 – 3 лажици млеко. Убаво промешајте и премачкајте ги ролатите пред да ги ставите да се печат.
Ролатчињата се печат во претходно загреана рерна на 160 степени, а печете ги 20 минути. Не треба премногу да затемнат при печењет. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска