Одлична салата, многу вкусна, сите ја сакаат.
Може да ја приготвувате и во обични денови, но и за свечени моменти. Совршено одговара како прилог на јадења, но превкусна е и ако се јаде самостојно.
Потребни состојки:
10 компири, сварени во лушпа
6 варени јајца
600 г мајонез
700 мл кисела павлака
350 г кашкавал
сол, црн пипер
Постапка:
Сварете ги јајцата (или искористете ги вишокот кои ви останале од Велигден).
Потребно е да бидат тврдо варени за да можат убаво да се изрендаат. Оставете ги на страна во ладна вода за да изладат, а потоа излупете ги.
Мајонезот и павлаката измешајте ги во подлабок сад и малку посолете.
Во чинија за сервирање на салата прво изрендајте третина од компирот, па на ситно ренде изрендајте ги јајцата и малку кашкавал.
Прелијте со дресинг од мајонез и павлака. Повторете ја постапката уште двапати со истиот редослед.
На врвот од салатата ставете ситно рендан кашкавал, а одозгора само 2 жолчки, исто така ситно изрендани.
Украсете ја салатата по желба.