За природниот препарат кој денес ви го подготвуваме ќе ви бидат потребни само 2 состојки – а сè што треба да направите е да консумирате 1-2 лажици дневно на празен стомак.
Она што треба да направите е да измешате квалитетно маслиново масло со исцеден сок од лимон. Овој лек го активира ослободувањето на жолчниот сок, а со тоа ги стимулира цревата.
Жолчката ги исплакнува сите канали на црниот дроб, што помага да се отстранат штетните материи од телото. Исто така, ги разградува мастите и ги извлекува токсините од телото.
РЕЦЕПТ: Наутро, на гладен стомак земете 1 мала лажичка маслиново масло и во неа капнете неколку капки лимонов сок. После тоа испијте една чаша млака вода.
ЕЛИКСИР ЗА РЕГЕНЕРАЦИЈА НА ЦРН ДРОБ – Потребни состојки: 200 мл мед, 100 мл лимонов сок и 50 мл маслиново масло. РЕЦЕПТОТ прочитајте го ОВДЕ. Пред употреба секој треба да се советува со својот лекар.
УПОТРЕБА НА МАСЛИНОВОТО МАСЛО МАСЛО ЗА ЦРНИОТ ДРОБ
Медитеранската исхрана е докажана како најдобра во светот, а своите бенефити ги должи токму во редовната консумација на маслиновото масло.
Ладно цеденото маслиново масло делува најдобро, бидејќи е првиот избор за чистење на црниот дроб. Исто така, го намалува нивото на холестерол, ги чисти ѕидовите на крвните садови и спречува појава на кардиоваскуларни заболувања.
Ако од некои причини не можете да го користите маслиновото, можете да го замените со ладно цедено сончогледово (кое лекува тромбофлебитис), масло од ленено семе (помага во разградувањето на заситените масти, што значи дека помага во слабеење), масло од пченка (помага во одржување на младоста) или масло од репка (неговите квалитети се блиску до маслиново, но е многу поевтино).
КОИ СЕ ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРИДОБИВКИ ОД ЛИМОНОТ
Друга компонента на предложениот лек е сок од лимон. Го поттикнува ослободувањето на жолчката, како и секоја намирница со изразен кисел вкус. Сокот од лимон поволно делува на респираторниот тракт и белите дробови, спречува настинки и го зајакнува имунолошкиот систем.
Исто така, помага во растворањето песок и камења во уринарниот тракт, ја подобрува функцијата на зглобовите.
Можете да го замените со сок од брусница (дезинфекција и антиинфламаторно, го тонизира телото, ја зголемува енергијата) или сок од грејпфрут (го подобрува варењето, го намалува високиот крвен притисок, му помага на срцето и крвните садови).
Сокот од лимон, во комбинација со маслиново масло, совршено го чисти телото после секое тpуење.
Со интоксикација со алкоxол, оваа мешавина делува речиси магично, го отстранува оптеретувањето на црниот дроб, веднаш го обновува телото.
Ако имате некакви дигестивни проблеми како запек, маслото и сок од лимон се она што ќе ви помогне. За слузокожата на желудникот и цревата, тоа е супер-агенс кој ќе ја возобнови оваа обвивка.
Храната ќе се вари подобро, а дигестивниот тракт ќе работи совршено. Само треба да запамтите да го пиете лековитиот еликсир секој ден!
За една недела од консумирањето на оваа биоактивна комбинација на храна, ќе забележите како вашата кожа, коса и нокти ќе почнат да блескаат!
Масните киселини присутни во маслото може да се изедначат со вистинско богатство за нашата кожа. Оваа смеса може да се користи не само внатрешно, туку и надворешно: втријте ја во ноктите и косата.
А ефектот е исклучително видлив.
Со секојдневно земање на овој препарат, ќе го подобрите функционирањето на вашиот дигестивен тракт, кожата ќе ви стане чиста, а здивот ќе ви биде свеж.
Нашиот црн дроб е фабрика за крв. Ако е чист, тогаш и крвта што ја филтрира ќе биде чиста. Исхраната на клетките, органите и системите на телото ќе стане целосна, тие ќе работат беспрекорно. Ќе се зголеми флексибилноста на зглобовите, ќе се подобри работата на срцето и ќе имате поголема сила.
Оваа смеса може да се зема доживотно, но во никој случај не треба да се зголемува дозата. Пробајте го овој метод за чистење на црниот дроб и ќе видите многу добри резултати.