На неколку женски форуми откривме многу позитивни искуства напишани за лековитите способности на оваа билка.
Жените кои не можеле да забременат, пиејќи го овој чај успеале да се остварат како мајка, па сега им го препорачуваат на други жени со истиот проблем и велат дека секоја жена треба ова да го знае.
Горчица – Marrubium vulgare
Чајот од горчицата се употребува како средство против кашлица, бронхит, астма, воспаление на дишни органи, за нормализирање на менструација, женски стерилитет, нормализирање на срцевиот ритам, жолтица, слабокрвност, задржување на мокрење при песок во бубрег, хистерија и хипохондрија.
Оваа доста распространета билка има неколку десеттици имиња, но најчесто ја знаат како Горчица. Во висина може да порасне и до 60 см. Има бели цветчиња, без гранчиња.
Содржи флавоноиди, танини и есенцијални масла. Се бере во време на цветање, а лековита е целата билка.
Бројни ени се колнат во лековитоста на оваа билка која помага против стерилност. Покрај разните тегоби, се користи и за чистење на телото од токсини, но и за јакнење на имунитетот. Чајот главно се користи за:
-чистење на црниот дроб и жолчката
-воспалено грло и бели дробови
-за искашлување
-за чистење на бубрезите и мочниот меур
-јакнење на целиот организам
-кожни болести
-женски проблеми и плодност
Како се зголемува плодноста со чај од горчица?
Ова лековито растение одамна се користи како домашен лек за лекување на неплодност кај жените. Таа делува врз нормализирање на лачењето на хормоните и урамнотежување на хормоналниот циклус.
Многу жени пиеле чај од горчица кои очајувале поради неможноста да останат бремени. Затоа оваа билка меѓу народот е позната како очајница.
Поборниците на алтернативната медицина велат дека горчицата делува на нормализација на лачењето на хормоните и урамнотежување на хормоналниот циклус, што е голем предуслов за зачнување. Оваа билка помага и при менструални болки други женски болести.
Горчицата најмногу се користи како чај или сируп. Подготовка на чај од горчица:
Една супена лажица чај од горчица прелијте ја со 200 мл врела вода. Оставете го чајот да отстои петнаесет минути до еден час, а потоа процедете го. Чајот може да го пиете неколку пати во денот. Доколку го пиете чајот за зачнување, тогаш потребно е да го пиете подолго време, со прекини за време на менструалните циклуси.
Според одредени извори, чајот треба да го користите најмалку 3 месеци, а по зачнувањето треба веднаш да се прекине со консумацијата. Чајот има лут и силен вкус, и можете да го засладите со додавање на лажица мед, но бидејќи треба да се пие почесто, подобро да го конзумирате без засладувач. За истата цел можете да користите и мешавина на чаеви од лековити билки кои имаат слично дејство, како што се здравецот и виракот (бисерок).