Завчера направив обланди бидејќи децата бараа нешто за заблажување, па веднаш ги направив, но ми излегоа премногу и половина ѝ ги подарив на сосетката, бидејќи често ми помага со децата, додека сум на работа. Следниот ден, таа дојде до кај мене и ме праша за смесата за филот, која била направена по нејзин вкус и ме замоли за рецептот.
Филот се прави многу едноставно, а обландите може да ги подготвувате на два начина, едните како ролат, а другите како штанглички. И двата вида се многу добри, а за филот се заслужни две состојки кои го одредуваат целиот вкус. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување наполитанки (200 г). ЗА СМЕСАТА: 500 мл вода, 500 г шеќер, 250 г путер или маргарин, 470 г мелени бисквити (плазма), 250 г кокосово брашно, 4 лажици какао. Во филот по желба може да се додадат јаткасти плодови како мелени ореви/лешници/бадеми или основната смеса да се подели на два или три дела и да се направат неколку различни филови.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Подгответе си едно пакување обланди, така што еден цел лист ќе го завиткате во чиста, кујнска крпа која треба да биде малку влажна, а останатите листови поделете ги на половина. Јас ја искористив само едната половина од 5 листови, а другата ја зачував за наредните денови кога повторно ќе ги подготвувам обландите.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во едно тенџере сипете 500 мл вода и додајте исто толку шеќер. Ако не сакате многу благо, може да ставите и помалку шеќер. Измешајте и ставете го тенџерето на рингла со средна температура. Кога водата малку ќе се загрее и шеќерот ќе почне да се растопува додајте го путерот, исечкан на коцки.

![]()
![]()
![]()
![]()
Со лесно мешање соединете ги состојките додека да се формира еднолична и мазна смеса. Во смесата додајте ги мелените бисквити (плазма) и кокосот. По желба може да додадете и мелени ореви/бадеми/лешници или нешто по ваш избор. Измешајте ги состојките додека да се изедначат. Добиената смеса треба да ја впие целата вода и да биде густа, но лесна за размачкување.






Оставете го филот малку да се олади, па потоа издвојте една третина (тоа е отприлика 3-4 големи лажици). Таа третина од филот поделете ја на помал и поголем дел. Јас во еден сад ставам една лажица, а во вториот останатите 2/3 лажици. Во најголемата смеса и во таа со повеќе лажици распределете го какаото и измешајте. Белата смеса оставете ја за подоцна за филување.

![]()
![]()
![]()
![]()

Започнете со филување. Доколку прво ги правите штанглите, распределете го најголемиот дел од филот на 4 еднакви делови и филувајте ја секоја обланда, па израмнете. После секое ставање на нов лист, малку притиснете со рацете. Откога ќе ја направите обландата, ставете врз неа нешто тешко и оставете да отстои неколку часа во фрижидер, додека да се стегне, па потоа исечете ја на штангли.

![]()
![]()
![]()
![]()

За ролатот, искористете ја влажната кора. Најпрво премачкајте го темниот фил кој го одвоивте, израмнете, па врз темниот нанесете го белиот фил и повторно израмнете. Со помош на влажната крпа, завиткајте во цврс ролат и оставете го да се стегне во фрижидер, пред да исечете на кругови. Деталите погледнете ги ОВДЕ.































