Месо во тегла за зимница…Кој пробал знае! Фото и рецепт: Снежанка Жанче
После пиперки на секаков начин, треба да се стави и нешто мрсничко за зимница. Еве го мојот рецепт за месо во тегла.
Потребни состојки:
10 кг месо
300 г крупна сол
црн пипер во зрно
Фото и рецепт: Снежанка Жанче
Постапка:
Месото се зачинува, се полнат теглите со натиснување.
Се ставаат да се варат не помалку од 3 – 3,5 часа на тивко.
Јас ставив 6 кг бут и 4 кг плешка. Теглите ги ставам во торбички и во лонец, залиени со вода до капачињата.
Тоа е тоа…На здравје кој ќе прави!
Фото и рецепт: Снежанка Жанче