Потребни состојки:
4 јајца
1 чаша јогурт од 200 мл (истата чаша ја користиме и за останатите мерки)
1 чаша масло
2 ½ чаша брашно
1 прашок за печиво
150 г шунка
150 г фета сирење
5 кисели краставички
½ лажичка сол
Малку црн пипер
1 лажичка оригано
За поросување:
100 г пармезан
Постапка:
Со жица ги матиме јајцата, па додаваме јогурт и масло. Кога добро ќе се измати ги додаваме зачините (сол, црн пипер, оригано). Потоа, го додаваме брашното во кое сме размешале прашок за печиво. На крај го додаваме издробеното сирење, на коцки исечената шунка и краставичките.
Кога ќе добиеме изедначена смеса – смесата со лажица префрлете ја во силиконски калап. Рерната нека биде загреана на 200 степени. Потоа калапот се фаќа за ивиците и малку се протресува и 3-4 пати се потчукнува од подлогата за убаво смесата да се намести и да се пополнат евентуалните празни места.
Се пече околу 45 минути на 200 степени. Печениот куглов малку изладете го, поросете со пармезан и послужете.
recepti.com