Потребни состојки:
500 г јафа кекси (ресана, по избор)
За крем:
400 мл млеко
2 жолчки
6 лажици шеќер
2 пудинг од ванила
150 г путер/маргарин
И уште:
100 г кокос
Постапка:
Во 100 мл ладно млеко додадете шеќер, прашок за пудинг и жолчки, па промешајте со жица да се добие мазна смеса без грутчиња.
Преостанатото млеко ставете го на шпорет да зоврие и потоа сварете пудинг. Кога пудингот ќе ја добие потребната густина, тргнете од оган и оставете да излади.
Додека се лади пудингот, повремено промешувајте да не фати коричка или едноставно покријте го со проѕирна фолија.
Путерот пенасто изматете го и во него постепено додавајте го изладениот пудинг.
Јафа кексите пресечете ги на половина така да добиеме две половини, односно полумесечинки.
Со приготвениот крем спојувајте ги половинките од долната страна која е без чоколадо и желе од портокал.
Потоа споените колачиња валкајте ги во кокос.
Наредете ги на чинија и оставете ги во фрижидер да изладат и да се стегнат.
Брзите чупавци со јафа кекси се готови.