Рецепт на Тања. Ќе ви откријам како да приготвите вкусно и меко месо кое се топи како путер, печено во рерна и маринирано во кромид. Ова е многу брз и едноставен рецепт со кој без голем труд ќе добиете исклучително вкусно, сочно и меко месо. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг месо (свински врат или плешка), 4 големи главици кромид (колку повеќе, толку повкусен сос), сол по вкус, 1,5 супена лажица сув зеленчуков зачин или мешавина за месо (мајчина душичка, мелен црн и црвен пипер, оригано, кумин) и 100 мл оцет




ПОСТАПКА: Исчистете го кромидот и исечкјате го на тенки полумесеченки и наросете го со една супена лажица шеќер. Со раце фино истријте го кромидот со шеќерот, така да се раздели на помали лентички и да го испушти својот сок.




Во вака истретираниот кромид додајте 100 мл оцет (бел или јаболков или каков имате) и ладна вода колку да се прекрие кромидот. Промешајте со лажица и оставете го некаде настрана да се маринира околу еден час.




Додека кромидот се маринира, за тоа време пригответе го месото. Исечете го на парчиња, приближно со големина на вашата дланка или по ваша желба. Исеченото месо ставете го во некој подлабок сад во кој ќе можете да го зачинете и промешате.




Посолете го со една кафена лажичка сол (или по вкус) и една ипол супена лажица мешавина од зачини за месо (можете и сами да ја приготвите мешавината, а може да користите и готова, купечка мешавина). Убаво измешајте го месото со раце за да се распоредат зачините рамномерно подеднакво на сите страни.




Зачинетото месо оставете го да се маринира истовремено со кромидот, а после еден час процедете го кромидот низ цедалка. Процедениот кромид вратете го во садот и додајте 30 мл масло и промешајте го.




Кромидот распоредете го во специјална кеса за печење (се продаваат во големите супермаркети), а врз кромидот наредете ги парчињата месо, едно до друго. Добро затворете ја кесата и префрлете ја во плех или тепсија. Внимателно со чепкалка направете неколку дупчиња во кесата.




Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 90 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.