Ако немате идеја што да приготвите за неделниот ручек, еве еден одличен предлог. Јадењето се приготвува брзо и едноставно, а толку многу е вкусно. Освен тоа, се подготвува од евтини состојки, па меленото месо во комбинација со компир, потпечено во рерна, освен што е економично, тоа е и заситно, а целото семејство ќе ужива во вкусот. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг компири, 1 главица кромид, 1 голем морков, 3-4 чешниња лук, 500 г мешано мелено месо, а може и пилешко, по 1 лажичка зачини (сол, црн пипер, сув зеленчуков зачин, слатка црвена пиперка, кари), 1 лажичка сенф, 3 јајца, 200 мл млеко, 200 мл вода, 2-3 лажици лебни трошки (презла), малку сув власец




ПОСТАПКА: Една главица кромид ситно исечкјате. Во длабока тава загрејте малку масло, па спушете го сечканиот кромид и потпржете го додека да омекне и застакли. Потоа додајте ситно сечкан лук и морков (морковот по желба можете и да го изрендате).




Динстајте на средно ниска температура со повремено промешување додека зеленчукот да омекне. Потоа додајте го меленото месо по ваш избор (ако користите пилешко бело месо, тоа може да биде мелено или исечкано на помали коцкички).




Промешајте и динстајте додека да испари вишокот течност, а месото да ја промени бојата. Зачинете го месото по вкус, а јас ставив по една мала лажичка сол, црн мелен пипер, црвен мелен пипер, сув зеленчуков зачин (вегета) и кари.




Добро промешајте за рамномерно да се распоредат зачините. Некаде при крајот, кога месото ќе биде убаво зготвено, додајте една полна лажичка сенф и повторно промешајте. Месото е спремно, па исклучете ја ринглата, а вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.




Компирот измијте го добро излупете го и исечкајте го на коцки со средна голмина (најдобро со големина на залак), па повторно измијте го со ладна вода за да се испере од скробот и процедете го.




Во огноотпорен сад со средна големина ставете половина од компирот, а врз него распоредете го запрженото мелено месо. Преку месото распоредете ја втората половина од компирите. Во посебен сад изматете три јајца со виљушка или кујнска жица-маталка.




Додајте една чаша млеко и една чаша вода, промешајте и со оваа течност залијте ја мусаката. Одозгора посипете две-три супени лажици презла (колку да се покријат компирите во тенок слој). Наросете малку сув власец или оригано и ставете да се пече под капак во загреаната рерна 40-тина минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.