Вкусни меки кроасанчиња кои ги печете како едно, нешто слично на погача, а потоа ги сечете на парчиња. Излегува цела тепсија од нив, а од внатре се шупливи и меки како перничиња. Вкусот на ова тесто е врв, треба да го користат во сите слаткарници.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 мл топло млеко, 1 јајце, 2 лажички квасец, 50 г шеќер во прав, 1/2 лажичка сол, 40 г какао, 400 г брашно, 70 г путер, 150 г Нутела.
ПОСТАПКА: Во подлабок сад за замесување на тесто ставете 250 мл топло млеко, претходно отстоено минимум 1 час на собна температура. Додајте 1 јајце и веднаш потоа 2 лажички квасец. Ставете 50 г шеќер во прав и измешајте.
Посолете со половина лажичка сол, додајте 40 г какао и постепено започнете да додавате 400 г брашно, како што го замесувате тестото. Тестото може да го замесите во електричен миксер, но ако немате, не е тешко бидејќи лесно се замесува и на рака.
По замесување, тестото се остава да отстои 30 минути за да нарасне, покриено под проѕирна фолија, а потоа се развлекува колку што можете повеќе на набрашнета површина. На растегнатото тесто се премачкува со 150 г Нутела или некој друг крем по ваша желба.
Тестото се витка во цврст ролат и се сечкаат помали ролатчиња кои се редат во плех, обложен со хартија за печење, легнати. Оставете ролатчињата да стасуваат уште 20 минути, додека рерната ви се загрее на 180 степени.
Ролатчињата се печат 20 минути, но после изминатото време проверете дали се готови, во зависност од рерната, можеби ќе биде потребно да се допечат уште 5-10 минути. По желба декорирајте ги со растопено чоколадо. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
(втор рецепт) ЧОКОЛАДНИ МАФИНИ: сите состојки се мешаат, се полнат калапите и се пече за 15 минути. Фото и рецепт на Марија Васиќ. Еве кои состојки ви се потребни за да ги направите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 шолји (200 мл) брашно, ¾ шолја шеќер (една шолја, но да не е полна, или помалку, кој како сака), 1 јајце, 2 лажици какао, ½ шолја масло, 1 шолја млеко, 100 г чоколадо искршено, суво грозје или ореви, лешници по желба (не мора, не се содржат во основниот рецепт).
ПОСТАПКА: Сите состојки се мешаат заедно во еден сад, па со лажица ги полниме со путер намастените калапи, ако се силиконски нема потреба од намастување или хартиени корпички. Калапите не се полнат до врв, туку до половина или малку повеќе. Се печат на 180 степени околу 15-20 минути во зависност од рерната.