Home ТЕСТО МЕКИ КИФЛИ КАКО ДУША…Се топат во уста како снег…Најдобриот рецепт што сум...

МЕКИ КИФЛИ КАКО ДУША…Се топат во уста како снег…Најдобриот рецепт што сум го испробала, сите сме воодушевени

МЕКИ КИФЛИ КАКО ДУША…Се топат во уста како снег…Најдобриот рецепт што сум го испробала, сите сме воодушевени…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
500 мл топло млеко
1 лажичка шеќер
20 г свеж квасец
800 г брашно + брашно за посипување (околу 100 г)
2 лажички сол
2 јајца

И уште:
100 г маргарин
1 јајце
сусам или семки по желба

ПОСТАПКА:

Во топлото млеко растворете го квасецот со една лажичка шеќер и лажица брашно, па оставете 10-тина минути да се активира. Потоа додајте ги јајцата и соединете.

Во подлабок сад просејте 600 г брашно и помешајте го со солта. Во средината направете вдлабнување и тука сипете го активираниот квасец. Мешајте со лажица додека да се соедини. Потоа додајте уште 200 г брашно и продолжете со мешање.

Кога тестото ќе стане компактно, сипете го врз набрашнета површина и поделете го на три дела. Тоа е меко и малку лепливо, ама такво треба да биде. Обликувајте топки. Тестото оставете го да ферментира 30 минути.

Развлечете една кора и премачкјате ја со 50 г маргарин, преклопете со втора, па и неа премачкјате ја со 50 г маргарин и на крај преклопете со третата кора.

Посипете малку брашно одозгора и развлечете една голема кора со дебелина од 0,5 см. Потоа исечете 24 триаголници.

Филувајте ги по желба и виткајте ги како кроасани. Ако во тестото ставите повеќе шеќер а помалку сол, тогаш можете да ги филувате со џем или крем.

Кифлите наредете гио во плех обложен со хартија за печење, прекријте ги и оставете ги да ферментираат половина час. Потоа премачкајте ги со јајце и посипете ги со сусам.

Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, 25 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.