Потребни состојки:

1 квасец

400 мл млеко

200 мл вода

3 рамни лажички сол

1 лажица шеќер

850 г брашно +-

За премачкување:

140 г путер

3 жолчка

1 лажица брашно

и за крај:

1 јајце

Семе по желба

Постапка:

Активирајте го квасецот со 200 мл топло млеко, шеќер и лажичка брашно. Додадете ги останатите состојки и замесете меко тесто. Оставете го на топло да се удвои. Надојденото тесто поделете го на 4 дела.

Посебно соединете маст, жолчки и брашно, па добро измешајте. Секој дел развлечете го во кора со величина на поголема чинија и премачкајте со преливот (сите четири кори).

Оставете половина час да одмораат па две по две спојте ги.

Развлечете ги на побрашнета маса како кора за пити, рамномерно на сите страни. Тестото се развлекува со раце, а не со оклагија, бидејќи и горната кора е намачкана. Не мора да биде многу тенко, но навистина многу убаво се развлекува.

Со помош на чаршав одоздола, свиткајте ги двата краја како ролат, така што речиси да се допираат на средината, па пресечете со нож по должина. Така добивате два ролата.

Секој ролат сечете го на еднакви делови (кифли) и редете ги во плех обложен со хартија за печење. Оставете да киснат за да нараснат, а потоа премачкајте ги со изматено јајце и наросете одозгора со семки по ваша желба.

Загрејте ја рерната на 180 степени и печете додека да заруменат.

Постапката повторете ја и со другиот дел од тестото. Од оваа мера излегуваат два големи плеха од рерна.

Тестото може да се филува и со сладок и со солен фил, но вкусни се и празни.