Рецепт и видео презентација на Мои Домашни Рецепти – Меки и вкусни чајни колачи.
Овие колачи навистина мора да ги пробате. Едноставно и брзо се приготвуваат, а имаат феноменален вкус. Еднаш штом ги пробате, ќе ги правите многу често.
Потребни состојки:
2 јајца, 1 ванилин шеќер, 150 г шеќер, 3 супени лажици кисело млеко, 125 г путер, 500 г брашно, 10 г прашок за печиво, 2 супени лажици какао, 100 г мелени бадеми и шеќер во прав за наросување.
Постапка:
Во подлабок сад изматете ги двете јајца со жица-маталка и соединете ги со шеќерот и ванилата. Потоа додадете 3 лажици кисело млеко и промешајте. Путерот растопете го и оставете малку да излади, па додека е течен постепено додавајте го во јајцата додека брзо мешате со жицата.
Во смесата додадете 500 г просеано брашно и 1 кесичка прашок за печиво. Замесете со рака додека да добиете меко и ровко тесто, малку лепливо за рака. Тестото поделете го на два дела, а во едниот дел додадете 2 супени лажици какао и соединете додека целото тесто стане изедначено кафеаво.
Во второто тесто додадете 100 г мелени бадеми, па исто така добро измесете додека да се изедначи. На малку набрашнета површина најпрво развлечете го светлото тесто со помош на оклагија. Кората пресечете ја на половина. Кафеавото тесто исто така поделете го на два дела, но од секој дел направете тенок валјак со должина според белата кора.
Темните валјаци поставете ги на средина од двете кори, а потоа белата кора обвиткајте ја околу нив, да добиете голема ролна. (погледни видео). Исечете ги на парчиња и наредете ги во плех обложен со хартија. Ставете да се печат во загреана рерна 20 минути. Печените колачи одозгора наросете ги со шеќер во прав. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото:
https://youtu.be/3WmnLoLCwLQ