Потребни состојки:
500 г бело брашно
200 г пченкарно брашно (ситно сомелено)
7 г сув квасец (20 г свеж)
200 мл млеко
100 мл јогурт
150 мл масло
1 јајце
2 мали лажички сол
1 лажичка шеќер
50 г путер/маргарин
Постапка:
Измешајте 300 г бело брашно и 200 г пченкарно. Додадете сол па на средината направете вдлабнатина и во него ставете 100 мл млако млеко, квасец, шеќер. Промешајте и оставете квасецот да се активира. Потоа додадете го остатокот од млекото, јогуртот, маслото, јајцето и започнете со постепено месење и додавање на белото брашно.
Оставете 30 минути тестото да надојде, па премесете и поделете на два дела. Правете ги кифличките со форма и величина по желба, можете да ги оставите празни или да ги полните со фил.
На секоја ставете парче путер/маргарин и оставете 15 минути да отстојат. За тоа време вклучете ја рерната на 200 степени и печете ги кифличките околу 25 минути или додека убаво да заруменат.