МЕКА ПОГАЧА СО ЈОГУРТ, ГОТОВА ЗА 20 МИНУТИ: Не постои пекарница што го прави олку вкусен леб!

Рецептот за оваа погача ми го пренесе тетка ми Ана. Неверојатно лесно се прави, што ја прави идеален избор за почетниците домаќинки. Текстурата на погачата е деликатна и нежна, како мекоста на душата. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

850 г брашно
25 г свеж квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
150 мл млеко
2 јајца на собна Т
1 белка
200 мл јогурт
250 г маргарин или путер (половина растопен, половина за премачкување)
2 лажици масло
1 жолчка
сусам

ПОСТАПКА:

1.Растворете го квасецот во млако млеко. Додајте шеќер, 4 лажици брашно и сè убаво измешајте. Оставете го квасецот да се активира и запени.

2.Во стасаниот квасец додајте јајце, белка и масло и измешајте. Додајте растопен 1/2 маргарин, сол и јогурт и измешајте.

3.Постепено додавајте брашно и замесете средно меко тесто. Покријте го тестото со фолија и крпа и оставете го да герментира додека да го удвои волуменот.

4.Добиеното тесто премесете го и поделете го на шест дела (5 еднакви и еден помал). Обликувајте топчиња. Развлечете ги топчињата во кори со големина на чинија, а помалото топче оставете го покриено.

5.Секоја премачкајте ја со омекнат маргарин, посипете ја со малку брашно и ставете ја во чинија и наредете ги една врз друга. Последната не ја премачкувајте.

6.Потоа сите заедно развлечете ги во поголема кора и исечете ја на осум триаголници. Свиткајте го секој триаголник во кифла. Исечете ги на половина.

7.Наредете ги половинките околу работ на тепсијата (32 см, обложена со хартија), со потенката страна свртена кон центарот.

8.Развлечете го шестото топче тесто и со чаша со дијаметар од 5 сантиметри извадете 7 кругови. Во средината на тавата наредете ги круговите во форма на цвет.

9.Премачкјате ја кората со жолчка, а потоа посипете ја со сусам.

10.Оставете ја 15-тина минути да одмори додека се загрева рерната на 200 степени, па пеќете ја околу 20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.