Мека погача со јогурт готова за 20 минути…Наједноставниот можен рецепт…Одлична за секој ден. Без квасец се подготвува многу брзо, па можете да ја подготвите и за ненајавени гости. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл):

2,5 чаши брашно
2 јајца
1 чаша јогурт
50 мл масло
1 лажичка сол
1 прашок за печиво

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад соединете ги сите наведени состојки, а потоа замесете меко и малку лепливо тесто со раце.

Тестото развлечете го со раце во тркалезна тава, која претходно треба да ја намачкате со масло. Потоа избоцкајте го тестото со виљушка.

Загрејте ја рерната на 250 °C, потоа намалете ја на 220 °C и печете 20 минути. Испечената погача оставете ја да се излади. Постапката погледнете ја ОВДЕ.