МЕКА ПАМУК ПОГАЧА СО СИРЕЊЕ И ПУТЕР, трикот е во специјалното виткање на корите. Рецепт и фотографии на Тина Валентина. Многу вкусна погача за појадок или вечера, толку е слоевита што ќе ви биде доволно едно парче.




Одлично се комбинира со јогурт, а често им ја подготвувам на децата. За да ја подготвите погачата ќе ви бидат потребни следниве состојки: 1 кг брашно, 15 г свеж квасец, 1 јајце, 1 лажичка сол, прстофат шеќер, 500 мл топла вода, 3 лажици масло.




Други потребни состојки: 500 г бело солено сирење, 250 г путер и 70 мл масло. Постапка: Квасецот се раствора со прстофат шеќер и топлата вода. Со останатите состојки се замесува мазно тесто, па се додава смесата со квасецот.




Завиткајте го тестото во пластична/проѕирна фолија или кеса за да не се суши и оставете го да отстои на собна температура да стаса и да го удвои волуменот. Сирењето иситнете го, а путерот растопете го и измешајте го со маслото.




Загрејте ја рерната на 210 степени. Поделете го тестото на 10 топчиња. Секое топче наросете го со брашно и со помош на оклагија развлечете го во тенка кружна кора. Преку целата површина премачкајте ка кората со растопениот путер и наросете сирење.




Свиткајте ги сите краеви на кругот навнатре, како да сте спакувале некој подарок и оставете го настрана. Истата постапка применете ја за сите кори, премачкајте со путер и наросете со сирење.




Ставете ја првата превиткана кора врз вториот развлечен круг, па превиткајте исто, така што ќе го опфатите и „пакетчето“ внатре, потоа повторно ставете ја втората кора врз третата, на која повторно ги превиткува краевите и така виткајте се додека да завршите со сите 10 развлечени теста (фотографиите од постапката се најдолу, под текстот).




Превртете ја погачата и ставете ја во подмачкана и набрашнета тава со пречник од 28 цм. Премачкајте ја погачата со остатокот од путерот и печете околу 30-40 минути во претходно загреана рерна на 210 степени додека да добие убава златна боја, со повремено проверување. Погачата може да ја јадете топла или ладна со јогурт.




II РЕЦЕПТ. Ѓеврек погача со јогурт, се прави брзо и многу е вкусна. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г брашно тип 500 (меко), 40 г свеж квасец, 1 јајце, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 50 г маргарин, 250 мл млако млеко, 3 лажици јогурт. За фил: 120 г маргарин, 1 јајце, 2 парчиња сирење. За премачкување: 1 жолчка, малку масло и сусам.




ПОСТАПКА: Замесете го тестото од наведените состојки и оставете да стаса. Развлечете со оклагија кора со дебелина од половина прст. Од тестото вадете кругови со чаша како за крофни, па редете ги во длабока тепсија или тенџере, така што секој круг ќе легна до половина врз претходниот, а помеѓу веднаш ставате и фил.




Оставете ја погачата 20-тина минути да нарасне, премачкајте ја со разматената жолчка, наросете со сусам и печете на 220 степени околу 30-тина минути. Кога ќе зарумени ставете одозгора фолија за да не изгори. ЗА ФИЛ: Маргаринот, јајцето и сирењето соединете ги со виљушка. Можете и друга комбинација да ставите по ваш вкус. / Сооlinarka.com

Тина Валентина
Тина Валентина
Тина Валентина
Тина Валентина