Ова е уникатен десерт кој се приготвува за 5 минути, а има невеpојатно одличен вкус. Пробајте го еднаш и ќе се уверите колку е добар, па често ќе го правите. Одличен е за секакви пригоди, а особено кога немате многу време за во кујна. Изненадете ги вашите гости со нешто посебно, еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 90 г шеќер, 60 г брашно, 15 г пченкарен скроб/нишесте/густин, 40 г какао во прав, 40 мл масло, 70 г кекси по ваш избор и 100-200 г чоколадо, исто така, по ваш избор.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете четири јајца, додајте 90 г шеќер, па пенасто изматете ги со миксер. На почетокот матете со помала брзина, а потоа со најголема, сè додека шеќерот да се растопи и смесата да згусне и побели.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во густо изматените јајца додајте ги сувите состојки најдобро просеани: брашното (60 г), пченкарниот скроб (15 г) и какаото во прав (40 г). Сувите состојки додавајте ги постепено, на неколку наврати.

![]()
![]()
![]()
![]()
Мешајте со црпење на лажица/шпатула од долу кон нагоре додека да се изедначат сите состојки и да се разбијат грутчињата. Мешањето треба да биде бавно за да се сочуваат меурчињата од изматените јајца.

![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа додајте 40 мл масло за готвење и повторно промешајте за да се инкорпорира. на крај треба да добиете хомогена, мазна и густа смеса со полутечна конзистенција. Додајте и 70 г бисквити по ваш избор, ситно искршени со раце или исечени врз даска.





Промешајте за рамномерно да се натопат бисквитите, па добиената смеса излејте ја во помал и подлабок, долгнавест калап во кој обично печете леб или ролат, претходно обложен со хартија за печење.

![]()
![]()
![]()
![]()
Распоредете ја рамномерно смесата, израмнете ја површината, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени, приближно 30-35 минути, или во зависност од рерната. Печениот колач превртете го врз десертна чинија и отстранете ја хартијата.

![]()
![]()
![]()
![]()

Отсечете ги краевите за да се открие декоративната внатрешност на колачот. Одозгора поставете го целото чоколадо, па вратете го колачот во топлата рерна уште 5-10 минути, за тоа да омекне и малку да се растопи. Деталите погледнете ги ОВДЕ.











